• Latest

Македонското буре барут

February 26, 2017
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
Фото: ФБ Мицкоски

Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

August 4, 2025
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

August 4, 2025

Десет дена и илјада потписи за Зелен Хуман Град да стане политичка партија

August 4, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Главната порака ќе им ја испратиме во октомври – им порачаа граѓаните на властите

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонското буре барут

February 26, 2017 17:08
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако ДУИ објави дека ги прифаќа предлозите на СДСМ за употребата на албанскиот јазик и најави започнување на преговори за усогласување на програмите, и понатаму продолжува неизвесноста околу составувањето на новата влада.

Додека лидерот на СДСМ на прес-конференција во Сараево, изјави дека ги собрал потребните потписи и дека очекува новата влада да се формира на почетокот на март, Али Ахмети, лидерот на ДУИ, најави дека се разгледува и можноста тие да останат во опозиција.

Потпаролот на ДУИ, Бујар Османи ја потврди оваа информација. „Пред членовите на Претседателството се ставени две опции. Едната е да се учествува во новата влада, а другата е да ѝ се даде поддршка, но да не се учествува, односно, да се поддржи малцинска влада. Предноста што членовите на Претседателството ја гледаат во поддржувањето малцинска влада е да се овозможи да се испита досегашното работење на ДУИ, без да може ДУИ да влијае врз тоа. Сепак, разговорите продолжуваат и сè уште не е донесена одлука“, изјави Османи.

Во сите години од независноста за Македонија, ова би била првата малцинска влада, составена од партија која нема мнозинство во парламентот. Во конкретниот случај, тоа значи дека СДСМ ќе учествува во владата, а останатите партии, ДУИ, Беса и „Алијансата за Албанците“ би дале поддршка за нејзино изгласување, но не би биле дел од истата.

Од СДСМ нема коментари, околу изјавата на Ахмети. Партијата смета дека нема потреба да коментираат внатрепартиски преговори во ДУИ.

По информацијата од ДУИ дека ќе ги даде 10-те потписи на Заев, СДСМ одржа седница на Централниот одбор на партијата и едногласно го изгласа Зоран Заев за мандатар.

„Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска влада во која приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија! Рековме дека секој граѓанин е во центарот на нашето внимание. Се определивме за квалитетен живот на сите граѓани, во едно, праведно и правично општество за сите и сè што правевме досега во оваа фаза на обезбедување на парламентарното мнозинство, беше водејќи се исклучиво од тој интерес на граѓаните“, рече Заев.

Конечната одлука за тоа дали ДУИ ќе биде дел од новата влада или, ќе премине во опозиција, ќе се донесе во понеделник.

Ваквите случувања, носат несигурност во процесот за формирање влада, имајќи предвид дека во моментов сè е оставено во рацете на претседателот Ѓорге Иванов. Дел од медиумите ја пренесоа веста за наводната средба на Никола Груевски со претседателот во кабинетот на Иванов. Јавноста ваквата вест ја толкува како уште еден обид за договор и партиска наредба за идните чекори на претседателот.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи и во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ – врие!

Партијата на Груевски излезе со соопштение во кое се вели дека ВМРО-ДПМНЕ остро ќе се спротистави на донесувањето на „ваков катастрофален закон“, реферирајќи на постигнатиот договор меѓу СДСМ и ДУИ за употребата на албанскиот јазик, како и дека ќе преземат соодветни мерки за да ја заштитат волјата на мнозинството.

„Одговорноста за ваквата ситуација е целосно на товар на СДСМ кој не ја доби поддршката од граѓаните на предвремените парламентарни избори и се обидува на срамен начин, преку тргување со државните и национални интереси да обезбеди поддршка за формирање влада“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во јавноста излегоа на виделина и повици до членството на партијата, за мобилизација за, како што се вели во повикот, одбрана на татковината.

„Во текот на утрешниот ден треба да одржите итна седница на Општинскиот комитет во проширен состав, со сите претседатели на месни комитети. Уште од вечер известете ги сите членови. задолжително да бидат присутни на состаноко,т што значи вечерва и утре од сабајле преку итни кол-центри да ги информирате. Насоки по однос на темата на состанокот ќе доставиме во текот на утрешниот ден. Тргаме во офанзива, нападната ни е Татковината, Македонија треба да се брани. Следува бурен период, пролет со многу енергија и борба за ВМРО и Македонија. Ќе победиме! Да живее ВМРО, да живее Македонија!“, стои во повикот од партијата.

Додека ВМРО се мобилизира, во Драчево, Прилеп и Битола, деновиве се искршени штабовите на СДСМ. А високи функционери на партијата упатуваат повици на социјалните мрежи до граѓаните.

„Кога ВМРО ќе повика на собир, тоа нема да бидат 500 лајка на Фејсбук, туку 50.000 народ пред Собранието. Почитувани 455.000 гласачи за унитарна Македонија, браќа и сестри, драги сограѓани, бидете здрави, живи, достоинствени и спремни“, порача Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил.

Во петокот, во Скопје се одржа и марш на здружението „Тврдокорни“, протестирајќи против, како што велат, сите политички субјекти во земјата кои сакаат да ја разнебитат нејзината сувереност.

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Тврдокорни“Али АхметиАнтонио МилошоскиБујар ОсманивладаВМРО-ДПМНЕдемолирани штабовиДУИЗоран ЗаевповикСДСМсоопштение
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ