• Latest

Бројот на починати лица во македонските затвори постојано се зголемува

February 26, 2017

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бројот на починати лица во македонските затвори постојано се зголемува

February 26, 2017 16:12
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Притвореник во затворот Скопје, починал во петокот на 24 февруари. Како што е наведено во соопштението на МВР, притворениот Р.А. бил од Струмица. Во петокот му се слошило и по укажаната помош од лекарот во затворот, била повикана итна медицинска помош, со цел да биде пренесен во Градската општа болница „8 Септември“. Р.А. починал пред да стигне во болницата, а Јавното обвинителство наредило телото да биде предадено на обдукција, по што ќе биде констатирана причината за смртта.

За помалку од два месеца, ова е четврти смртен случај во затворите во Македонија. Претходно, во јануари, во Казнено–поправниот дом „Идризово“, почина затвореникот М. С. (46). Истиот месец, на 10 и 11 јануари, починаа 73 -годишникот М.А. од Гостивар и 56 -годишникот С.Р од гостиварското село Речане, кои исто така, служеле затворска казна во Идризово.

Од канцеларијата на Народниот правобранител, како што информираат за ЦИВИЛ Медиа, сè уште се подготвува извештајот за работата од 2016-та година, каде што ќе бидат опфатени условите во кои затворениците ја отслужуваат казната, притворот и проблемите со кои се соочуваат.

Народниот правобранител, Иџет Мемети, неодамна во интервју за Радио Слободна Европа, констатира дека во 2016 година „има уназадување или има помасовно прекршување на правата на граѓаните“. Во делот на повредите на човековите права, тој посочува дека проблемите со затворите се посебна приказна.

Според извештајот на Советот на Европа од март 2016-та година, смртноста на затворениците во Македонија е 45,7 затвореници на 10.000, а во Европа средната смртност е 31,3. Самоубиствата претставуваат 3,5 на 10.000, а во Европа средната бројка е 5,4. Истиот извештај, посочува дека македонските затвори се меѓу најгусто „населените“ во Европа. Заклучно до први јануари 2016та година, вкупниот број на затвореници во земјава изнесувал 3.427 лица.

На веб-страницата на Управата за извршување санкции нема податок за бројот на починатите лица во затворите во Македонија. Исто така, нивниот годишен извештај за 2016 година сè уште не е објавен.

Tags: затворИдризовоИџет МеметиНароден правобранителпритвор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ