• Latest

Меѓународната заедница разочарана и загрижена од постапката на Иванов!

March 2, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Меѓународната заедница разочарана и загрижена од постапката на Иванов!

March 2, 2017 11:44
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дипломатите реагираат дека Македониоја се оддалечува од принципите на демократијата и од владеењето на правото! Меѓународната заедница е загрижена за правецот во кој се движи Македонија, по вчерашната изјава на претседателот Ѓорге Иванов, кој спротивно Уставот и законите, одлучи да не го додели мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој претходно достави 67 потписи, како доказ дека обезбедил парламентарно мнозинство.

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска изјави дека одлуката на претседателот Иванов,  да не го додели мандатот е „разочарувачка за Америка“.  Бејли го повика Иванов уште еднаш да ја разгледа својата одлука, затоа што според него, не кореспондира со демократските вредности и владеењето на правото. Бејли ги повика и соседните држави да бидат конструктивни, земајќи ја предвид политичката ситуација во Македонија.

Бејли претходно, и на социјалните мрежи ја изрази својата загриженост за новонастанатата состојба.

 

„Се согласувам со еврокомесарот Јоханес Хан. Загрижен сум дека Македонија се оддалечува од принципите на демократијата и на владеењето на правото, суштински вредности на НАТО“, напиша утрово американскиот амбасадор Џеј Бејли, на Твитер, споделувајќи ја пораката на еврокомесарот за проширување и добрососедски односи.

Хан на Твитер, синоќа, три пати го потврди својот став, дека Уставот мора да се почитува и дека без разлика од желбите на поединци, мандатот мора да се додели на тој кој успеал да собере мнозинство на пратеници.

„Во однос на последните случувања во Македонија: ‘Сите лидери вклучително и претседателот мора да ги почитуваат резултатите од скорешните изборите’“; „Во една демократија, парламентарното мнозинство мора да биде признаено, дури и ако тоа не му се допаѓа некому“; „Очекувам сите политички лидери и институции да дозволат демократијата да продолжи по својот правец, во интерес на граѓаните“, се трите пораки кои ги објави Хан.

На пораките на дипломатите се приклучи и известувачот во Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Иво Вајгел кој за Интернет порталот Нова ТВ, изјави дека последните политички потези на Иванов се спротивни со очекувањата на ЕП.

„Секое одолговлекување заради формални или политички причини за именување на нова влада, им штети на интересите на Македонија и е во спротивност со очекувањата на Европскиот парламент и на европските институции кои изразија подршка на патот на Македонија кон европските интеграции. Мислам дека неочекуваната одлука на Иванов може да значи продолжување на кризата и заострување на ситуацијата. Се надевам дека по одговорот што сака да го добие од партиите кои се договараат и нивното објаснување тој, сепак, ќе го даде мандатот на партијата која легитимно има право, врз основа на резултатот од изборите и доказите кој ги приложи дека има мнозинство во парламентот“, изјави Вајгл, кој верува дека и овој пат како и по одлуката за аболицирање на 56 лица, Иванов трезвено ќе размисли, ќе сфати дека погрешил и ќе ја промени својата одлука.

„Очекувам дека Иванов по оваа изјава ќе увиди што е во интерес на Македонија. Европските институции ставија јасно до знаење, а исто го направи и НАТО, дека на Македонија ѝтреба што поскоро ефикасна влада, а јас на тоа би додал дека на Македонија ѝ треба и единство околу основната цел на државата – интегрирање во ЕУ “, смета Вјгл.

Неговата загриженост е и во делот на реториката која се користи изминативе денови, а која се заснова на меѓуетнички конфликт.

„Мислам дека еднострано и тенденциозно се прави обид да се маргинализираат етнички-албанските партии и нивните гласачи. Секое одвојување на гласачите и партиите – Албанци од целовитоста на јавниот живот е опасно и неприфатливо Јас прв реков дека усогласувањето на ставовите на албанските партии во Тирана не беше среќна идеја и реков дека тоа е невообичаена пракса, но сепак, тоа не смее да биде причина поради која ќе го доведете во прашање легитимитетот на идниот мандатар“, изјави известувачот на Европскиот парламент за Македонија.

Со порака до Ѓорге Иванов, се обрати и премиерот на Република Албанија, Еди Рама кој на Твитер напиша:

„Господине Иванов, албанскиот јазик не им припаѓа на вашите непријатели, туку на уставотворен народ во земјата, без Албанците нема Македонија!“

Претседателот Ѓорге Иванов, два дена откако ја доби потврдата од Зоран Заев, за собрани 67 потписи на пратеници од новиот состав на парлементот, донесе одлука да не му го даде мандатот, со образложение дека според правните експерти има една формална-правна пречка со роковите, но како поголем проблем ја потенцираше постизборната политичка платформана партиите на етничките Албанци, како што тој повеќе пати нагласи „од туѓа држава“.

Tags: IvanovвлададемократијаИво ВајглизбориЈоханес ХанмандатЏес Бејли
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ