• Latest

Могерини со силни пораки до власта

March 2, 2017
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Могерини со силни пораки до власта

March 2, 2017 17:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната средба на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, со граѓанските организации во Република Македонија, во својство на претставник на работната група за слобода на изразување, медиуми и изборни рефорни, претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, зборуваше за состојбата на медиумите и за предвремените парламентарни избори, како и за случувањата по изборите.

По извештајот кој Дерала ѝ го презентираше на Могерини, таа кусо изјави дека овие согледби, како и сите случувања во Македонија, ќе бидат предмет на разговор со политичките лидери и со претседателот на државата.

https://www.facebook.com/civil.mk/videos/vb.324459714339171/1223912911060509/?type=2&theater

Нејзините пораки, според нашите неофицијални извори, во комуникација со властите во Македонија ќе бидат засилени, а Македонија како тема, ќе биде застапена на највисоко ниво во европските институции веќе идната недела. ЕУ ќе биде тука да изврши притисок, но и секогаш, со подадена рака за поддршка и помош, како за граѓанскиот сектор, така, и за целата земја.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ

Извештајот што го презентираше Дерала:

Слобода на изразување, Медиуми

Притисоците и заплашувањето, смртните закани, говорот на омраза, различните форми на злоупотреба и прекршување на човековите права врз основа на политичката афилација, се постојани и забележани многу пред, како и по изборите. Имаме 23 регистрирани случаи на заплашување на изборни набљудувачи само на денот на изборите, да не зборуваме за дневните притисоци и закани кои нашиот персонал и поддржувачи го доживуваат на дневна основа.

Смртните закани, исто така, се јавни и раширени преку традиционалните медиумски канали, оставајќи цврст доказ дека оние кои користат говор на омраза против активистите за човекови права, уживаат целосен имунитет од режимот.

Судовите не постапуваат по предмети на критички настроените граѓански организации, на активистите, на новинарите и креаторите на јавното мислење, против прекршителите на приватноста, достоинството, па дури, и физичкиот итегритет и безбедност.

Притисокот врз граѓанските организации се врши преку Управата за јавни приходи и Финансиската полиција, на начин што подразбира дека овие институции се инструмент за политички цели. Многу активисти на Шарената револуција се соочуваат со стотици судски обвиненија за учество на протестите. Физички напади, оштетувања на автомобили и имот, објавување на лични податоци, пишување графити на ѕидовите од нивните куќи, постојано демонизирање во провладините медиуми…

Медиумите и понатаму се алатки на владеачките партии за искривување на реалноста и јавниот дискурс. Пристрасното известување, клеветите, етикетирањето и говорот на омраза сѐ уште е сеприсутно. Реформите остануваат формални, а не суштински. На пример, ад-хок телото за медиуми, формирано врз основа на Пржинскиот договор, има регистрирано 67 случаи на прекршување на Изборниот законик од (најчесто) провладините медиуми, но само десет од нив, стигнаа до судовите, каде беа опструктивно попречени. Мандатот на ова тело заврши веднаш по денот на изборите, не оставајќи простор за понатамошни операции.

Избори

Изборниот процес во Република Македонија на површината донесе една цела палета на социо-политички и институционални дефекти. На многу начини, предвремените парламентарни избори во 2016 година, претставуваат наследство на десетгодишното државно и инститционално заробеништво од владејачките партии. Структурното наследство, широко распространетата политичка корупција и кршењето на законите и демократските стандарди станаа доминантна карактеристика на секојдневниот живот, означен со поделби, страв и заплашување. Од бесрамни до суптилни, овие дефекти и неколкуте напади врз демократскиот систем, создадоа услови за заробување на умовите на луѓето, социјален инженеринг до невиден степен. Поточно, изборната измама во земјата се спроведува со индустриски размери, од 2008 година.

Изборниот процес и кампањата во 2016 година беа полни со жестока националистичка хистерија, манипулации и сеење страв. Општеството во овој период беше многу повеќе збунето, луто и исплашено за иднината, многу повеќе од порано. Најновите случувања и насилство се мрачна последица на лошите дела на владејачката клика, која сега се фокусира на избегнување на правдата за нивното криминално и злосторничко владеење во последната деценија.

Злоупотребата на јавните пари, и комплетната безмилосна злоупотреба на јавната администрација се повеќе од очигледни, и пријавени се во стотици теренски извештаи во месеците пред изборите, на изборниот ден и потоа. Огромните социјални и системски неуспеси се толку длабоко вкоренети и се реалност во животите на луѓето толку долго што стануваат „нормална појава“ и „баналност“.

Изборниот систем, односно Државната изборна комсија (ДИК), донесе огромен дел од неправилностите и неефикасностите во изборниот процес.

Постоеа огромни национални и меѓународни напори, стручност, поддршка и нов закон упатени до ДИК, кои и обезбедија на оваа институција невидени можности за заштита на законитоста на изборите. Во реалноста, ДИК стана еден од најсериозните проблеми на изборниот процес. Пред сѐ, ДИК манифестира крајна ароганција и ги навреди граѓаните, по нејзиниот молк и неуспехот да се дејствува. Со тоа, ДИК им го оневозможи уставното право да гласаат на денот на изборите на илјадници граѓани.

На наша огромна жалост, но не и изненадување, нашите извештаи од денот на гласањето се полни со случаи на гласови на фиктивни лица, или „фантомски гласачи“, додека вистинските, граѓаните кои живеат во Република Македонија се избришани, без систем за обештетување.

Само за ова, ако не и за многу други пропусти, ДИК мораше итно да поднесе оставка.

Излез (Препораки)

Осуда  на заплашувањата, притисоците, говорот на омраза од институциите на ЕУ, како и зголемена поддршка на граѓанските организации и медиуми во земјата; комплетно реформирање и деполитизирање на ДИК, како и ревидирање на гласачкиот регистар; одржување на локалните избори во законскиот рок, по брза и суштинска реформа; соодветна обука за персоналот на ДИК; ревидирање на Изборниот законик со цел јасно да се обесхрабрат и санкционираат изборните измами; целосно реформирање и деполитизирање на Агенцијата за медиуми; преземање мерки против говорот на омраза и насилство.

Понатамошни препораки

ЕУ може да има предвид повик до регулаторните тела и државните агенци во земјата, за да се реформира и да се подобри нивното однесување во споменатите области.

Понатаму, Владата и Собранието, како и сите други релевантни институции, мора да ја испитаат сопственоста врз медиумите, да направат соодветни законски реформи за решавање на овие прашања, и да се направи простор за слободни и независни медиуми, за новинарите да работат во една нормална средина. ЕУ, во партнерство со граѓанското општество и со независните медиуми, да се фокусира на суштински реформи кои носат долгорочни ефекти.

Ад-хок реформи, како оние за изборите во 2016 година се повеќе фасада, а не значителна промена на недемократската практика која не доведе до државна контрола. Партнерството меѓу ЕУ и актерите за социјална промена треба да биде долготрајно, стратешко и фокусирано на вистински промени.

Во групата која ја претставуваше Дерала спаѓаат добро познати и релевантни организации како Граѓанската асоцијација МОСТ, Социетас Цивилис, SCOOP и други.

Tags: граѓански организацииДИКизбори 2016извештајпрепораки на ЦИВИЛреформисредбаФедерика МогериниЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ