• Latest

„Новинарска мрежа“: Солидарно со новинар(к)ите кои ги тепаат, апсат и прислушуваат!

March 3, 2017
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Новинарска мрежа“: Солидарно со новинар(к)ите кои ги тепаат, апсат и прислушуваат!

March 3, 2017 10:31
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Преку стотина балкански новинари од неформалната иницијатива „Новинарска мрежа“ јавно ја изразија својата поддршка на колегите од Македонија.

Регионалната неформална иницијатива „Новинарска мрежа“ најостро го осудува физичкиот напад врз екипата на македонскиот портал А1 Он во Скопје, и бара остра и брза реакција на државата, ефикасно полициско и судско процесуирање, како и адекватна реакција на меѓународната заедница и меѓународните организации, пишува хрватскиот веб-портал Лупига.

„Потсетуваме дека медиумската ситуација во Македонија е сè полоша, дека нашите колеги, кои професионално ја вршат својата задача, се изложени на постојани закани и притисоци дека и им е загрозен физичкиот и професионалниот интергитет.

Македонија од година во година е сè пониско на скалата на медиумски слободи, а во извештајот за 2016 година од ‘Фридом Хаус’ за слободата на медиумите, од ‘групата на делумно слободни’ е ставена во ‘групата на неслободни земји’.

Меѓу причините за ваквиот пад се обелоденувањето на масовното и нелегално прислушување на новинарите кое го спроведе Владата, корупциските врски меѓу функционерите и сопствениците на медиумите, како и зголемениот број на закани и напади врз медиумските работници.

Новинарската мрежа солидарно стои покрај своите колеги од А1 Он и останатите независни медиуми во Македонија, а ги повикува, заедно со долупотпишаните колеги и другите новинари и јавни личности од регионот да го осудат овој инцидент“, се вели во соопштението на „Новинарска мрежа“.

Меѓу стотината потписници се Борис Дежуловиќ, Виктор Иванчиќ, Предраг Луциќ од Хрватска, Јета Џара и Уна Хајдари од Косово,  Тамара Скроца, Гордана Игриќ и Јована Глигориевиќ од Србија, Сашка Цветковска, Младен Чадиковски, Јадранка Костова од Македонија, Александар Трифуновиќ и Селведин Авдиќ од БиХ, Марин Шириак од Романија, Матеј Звитер и Бранкица Шетковиќ од Словенија, Марија Черешева од Бугарија, Душица Томовиќ од Црна Гора…

 

 

 

Tags: Босна и ХерцеговинаБугаријаКосовоМакедонијаНовинарска мрежаСловенијаСрбијаХрватскаЦрна Гора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ