Централниот дел на Мјанмар го погоди силен земјотрес со јачина од 7,7 степени, според Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави, а потреси се почувствуваа низ Тајланд, како и во соседните кинески провинции.
Како што пренесува Би-би-си, епицентарот се наоѓал на 16 километри северо-западно од градот Сагаинг на длабочина од 10 километри, додава USGS.
Има извештаи за свиткување патишта во главниот град на Мјанмар Најпјидау.
Видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат оштетувања на зградите во Бангкок.43 лица се заробени откако зграда во Бангкок се урна за неколку секунди. Седум други лица се повредени.
Мјанмар е лошо опремен да се справи со катастрофа од толкава сила и обем. Таа е една од најсиромашните нации во Азија и е западната во брутална четиригодишна граѓанска војна откако војската ја презеде власта.
Д. Мишев