• Latest

Хорор викенд за болните во Македонија!

March 13, 2017
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хорор викенд за болните во Македонија!

March 13, 2017 14:49
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Два пациента од Крива Паланка починале на пат кон Ургентниот центар во Скопје! Едниот од нив починал во кумановската болница, а вториот, на наплатната рампа кај Романовце, кога возилото на Итната помош останало во дефект?!

„Невкусно е да се коментира дека пациентите починале поради тоа што се случил дефект на возилото. Како што ми пренесоа дежурните лекари, и двајцата пациенти биле во многу тешка состојба. Едниот е повозрасен пациент, кој имал симптоми на задушвање, а вториот, претходно бил на пресадување бубрег и веројатно, нешто му се искомплицирало. Но, ова се неофицијални информации, утре ќе имаме комплетна слика што се случило“, вели Јоско Стефановски, в.д. директор на Здравствениот дом во Крива Паланка.

 

Додека трае истрагата за дефектот на возилото на Итната помош кое е старо повеќе од 30 години, вчера на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како медицинскиот персонал ги злоупотребува возилата за лични потреби.

Викендов е погребана и 31-годишна родилка од Битола, која починала од сепса, откако повеќе од две недели, според ФБ статусот на роднината на починатата, била лечена од стомачен вирус?! Според сведоштвата на социјалните мрежи, причината за нејзината смрт е оставен инструмет при „царски рез“!

Педијатарот д-р Ангелчо Андоновски на својот Фејсбук профил денеска објави слика од родилиштето во Струмица.

„Не дотолчуваа бавно, а брутално. Тој што се нарекуваше министер за здравство, беше всушност, министер за деструктивност и помор! Сакајќи да направи бизнис за ДРПМНЕ-фамилијата и за самиот себе, си ги уништуваше здравствените установи по градовите и привлекуваше сé кон приватните болници, и го доведе здраствениот систем до самото дно! Ова е гинеколошки стол во Струмица каде се фалеше дека прави нешто, а уствари, е едно големо – ништо! Штип нема спирометар во 21 век. Условите се ужасни, а министерот за СМРТ уште се промовира. Колку жалосно и болно!!! За сé што сторивте ќе одговарате“, напиша Андоновски.

Се чини дека хоророт во јавното здравство нема крај.

Додека граѓаните страдаат, министерот Тодоров распиша тендер во вредност од 48.000 евра за испитување на задоволството на пациентите!?

Маја Ивановска

Tags: БитоладефектздравствоИтна помошКрива ПаланкаКумановопочината родилкаСтрумицатендерхорорШтип
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ