• Latest

Проф. Андонов: Северна Македонија и регионалните сојузи во НАТО – дали нашите авторитети во политиката и одбраната ќе го препознаат моментот?

April 8, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје

October 15, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивоградба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Проф. Андонов: Северна Македонија и регионалните сојузи во НАТО – дали нашите авторитети во политиката и одбраната ќе го препознаат моментот?

April 8, 2025 19:55
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанија, Хрватска и Косово потпишаа заедничка декларација за соработка во одбраната на 18 март во Тирана. Овој настан предизвика силна реакција кај српските власти. Вучиќ овој потег го толкува како закана и за територијалниот интегритет на земјата и за регионалната стабилност.

Од друга страна, се работи за документ според кој земјите потписнички се договараат за „зајакнување на одбранбената и безбедносната индустрија, зголемување на воената интероперабилност преку заеднички обуки и вежби, спротивставување на хибридните закани и зајакнување на стратешката безбедност и поддршка на евроатлантската интеграција“. Притоа, беше нагласено дека декларацијата „е отворена за други земји“ и дека Бугарија била поканета да стане дел од иницијативата.

И македонската јавност се разбранува по оваа декларација, во голем дел како ехо на српските реакции на декларацијата на трите земји.

Со цел да добиеме подобра претстава за тоа што оваа декларација претставува, разговараме со проф. д-р Оливер Андонов, кој предава на катедрата за Безбедност и кризен менаџмент на Воената академија. Меѓу другите, тој предава на предметите Тактика на мировни операции, Национална безбедност и Методика на настава со пешадиско вооружување.

ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА: Професор Андонов, гледаме дека имаме еден мини сојуз кој се формира во регионот. Хрватска, Албанија и Косово влегуваат во мини сојуз во рамките на НАТО. Како го коментирате ова? Што значи ова?

ОЛИВЕР АНДОНОВ: Најпрво, нема потреба од, така да кажам, панично коментирање на еден таков сојуз. НАТО има практика на формирање на мини сојузи. Ние ја имаме, на пример, медитеранската група во рамките на НАТО. Го имаме Вајмарскиот триаголник во рамките на НАТО. Понатаму, скандинавските земји со Велика Британија во рамките на НАТО. Тоа е пожелна активност на НАТО каде што преку локални, односно, регионални поврзувања се засилува одбранбената способност на НАТО. Кога зборувам за одбранбената способност и отпорноста, заедно со одбраната, се мисли на засилување не само на воените капацитети, туку и на наменската индустрија. Значи, воената индустрија, економските капацитети на земјите членки на НАТО. И воопшто не е чудно, иако знам дека мнозина сигурно се прашуваат зошто Косово кога не е земја членка на НАТО.

ЦИВИЛ МЕДИА: Тоа беше моето следно прашање всушност.

АНДОНОВ: Јас тоа повеќе го гледам, така да кажам, со историско искуство. Се сеќавате дека, ми се чини, 1951 година, сега не ме фаќајте за збор точно кога, имаше еден договор помеѓу тогашна Југославија, Грција и Турција за заедничка одбрана. А Грција и Турција беа земји членки на НАТО. Тоа значи дека тогашна Југославија посредно влезе во сојуз со НАТО. Всушност, за што се работи сега, ако го гледаме Косово? Го имаме и тоа искуство. Всушност, Косово нема сопствена армија – на територијата на Косово се наоѓаат сили на НАТО. Тоа е КФОР, така? Преку силите на НАТО кои се наоѓаат на Косово, формално-правно добиваат и можност, со согласност на силите на НАТО, со согласност на косовската влада, да дејствуваат и во рамките на НАТО, не само во рамките како КФОР, бидејќи секако земјите членки на НАТО ги даваат НАТО силите на Косово. Тоа морам да напоменам – не се мировни сили, туку се сили на НАТО на Косово. Воени сили на НАТО. ЕУЛЕКС е нешто друго веќе.

ЦИВИЛ МЕДИА: Од таму и произлегува логиката на овој потег. Добро, ние слушнавме, хрватската страна кажа дека тоа е отворена инцијатива, дека се добредојдени сите земји членки на НАТО од регионот да се приклучат кон овој мини сојуз. Меѓутоа не ја гледаме нашата земја, Македонија не е во овој мини сојуз на НАТО. Како го толкувате тоа? Зошто Македонија не е во овој сојуз?

АНДОНОВ: Прво, треба да знаете дека сигурно иницијативата не е исклучиво хрватско-албанска иницијатива. Таа иницијатива е обмислена во рамките на НАТО. Второ, во рамките на НАТО ние ќе имаме проширување на тој сојуз регионално, а ќе имаме и поддршка на самиот тој мини сојуз, така да го наречеме. Поддршка од придружни членки. И тоа сигурно ќе биде некоја од поголемите европски држави или посилните НАТО држави, која ќе даде импулс на еден таков сојуз.

Сега, прашањето упатено до мене можеби не е баш најсоодветно да дадам одговор зошто Македонија не ја гледаме. Тоа е прашање кое треба да го поставите во министерството за одбрана или во кабинетот на премиерот или до претседателот на државата. Тоа се авторитетите кои треба да одлучат кога Македонија би пристапила во еден таков мини сојуз во рамките на НАТО, регионален сојуз и покрај политичките, пред сé, да ги разгледа и воените аспекти на пристапување, согласно новите ризици и закани, загрозувањата кои се случуваат во регионот. Но, она што со сигурност можеме да го потврдиме, тоа е дека ќе има тенденција и можеби и реално проширување на овој регионален сојуз и на други држави од регионот. Не би ја исклучил можеби и Црна Гора дека можеби треба да се праша.

ЦИВИЛ МЕДИА: Сепак, дали Македонија треба да биде дел од ваквиот сојуз или не?

АНДОНОВ: Мојот личен став е дека Македонија треба да биде дел од регионалните сојузи во рамките на НАТО и јас сум убеден дека тоа прашање ќе им биде поставено на нашите авторитети во политиката и одбраната, а каков ќе биде одговорот, останува на нив. Но, мојот став, ќе повторам уште еднаш, е дека треба да бидеме таму од неколку аспекти, пред сé, поради регионално зацврстување на сигурноста, градење на отпорноста и не само воената, туку и политичката и економската поврзаност. Затоа и ќе имате прашање не само насочени кон Македонија, туку и кон други држави од регионот.

ЦИВИЛ МЕДИА: Еве ќе го сметаме ова за прогноза и се разбира дека ќе ги поставиме прашањата.

АНДОНОВ: Па, јас мислам дека дури и НАТО ќе ги постави прашањата до поедини влади. Не само иницијаторите на сојузите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Секако и јавноста има право да знае и ќе го поставиме тоа прашање и до институциите кои ги наведовте.

АНДОНОВ: Јавноста мора да знае, бидејќи овој дел од одбраната и градењето на отпорноста во рамките на НАТО на Македонија како држава се однесува и ја засегнува македонската јавност. Ние мора да знаеме зошто нешто се прави, поради што ќе се прави сето тоа. Но, во основа да тоа биде во наш интерес, во интерес на одбраната на Македонија и градењето на отпорноста во насока на новите ризици и закани кои можеме да ги очекуваме, бидејќи гледате – светот е доста турбулентно место за живеење последните месеци.

Џабир Дерала
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Транскрипција: Наташа Цветковска


Погледнете и:

Проф. Оливер Андонов: ВМРО-ДПМНЕ е партија на лојалисти, државата е без одбранбена стратегија, ЕУ интеграциите се запрени, а поддршката за Украина е празна реторика

Print Friendly, PDF & Email
Tags: воен сојузНАТОодбрана
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ