Извесна Даниса Мариа, корисник на Фејсбук која себе се прокламира како модератор на Фејсбук страницата „Banksy art Official“, на која всушност има најмалку примери од уметноста на Банкс, во објава од пред неколку часа, со антидатирана фотографија од затвор од Ел Салвадор ги претставува сегашните депортации на членови на банди кои ги врши администрацијата на Трамп од САД во Ел Салвадор.
Даниса објавува фотографија од 2020 година, објавена во статијата на Human Rights Watch: Ел Салвадор: Нехуман третман за заклучување на затворите, која се однесува на повикот на претседателот на Ел Салвадор Наиб Букеле кој нареди задолжително заклучување на затворите во кои се чуваат членови на банди, наметнувајќи нехумани услови за затвореникот и употреба на смртоносна сила, игнорирајќи ги основните меѓународни стандарди.
Во обид да предизвика говор на омраз кај следбениците на Фејсбук, и дополнително да наштети на меѓународниот углед на САД, таа ја претставува фотографијата како да е направена сега, со придружен текст дека „Времето на холокаустот на Трамп започнало“ и дека „фашистичкиот режим на Трап би го направил Хитлер горд“
Постот е проследен со коментари со слични наративи и говор на омраза.
Ваквите постови само ја усложнуваат борбата вистинските борци со лажните вести, дезинформации, малициозната пропаганда и говор на омраза, како и борбата за човекови права, кога читателите нема да можат да направат јасна дистинкција од која страна доаѓаат лажните наративи, и нема да знаат кому да му веруваат.
Драган Мишев