• Latest

Барањето правда на улица – „народот“ на Мицкоски и „народот“ на Ахмети

May 6, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Барањето правда на улица – „народот“ на Мицкоски и „народот“ на Ахмети

По трагедијата во Кочани (на 16 март), во која за жал починле 62 лица, а стотина се повредени, секој граѓански собир, марш, протест, власта се обидува да го „задуши“. Протестите на семејставата на загинатите во Кочани или протестот на синдикалците власта се обиде да ги прикаже дека ги „органинизира опозицијата“. Најавата на Ахмети дека ќе извади илјадници луѓе на улица за барање правда за Бектеши и предвремени избори, власта се обидува да го прикаже како обид за дестабилизација на земјата. Зошто власта се плаши од „улицата“ која е демократско средство за искажување на незадоволството, кога токму актуелната власт, на чело со Мицкоски додека беа во опозиција протестираа речиси секој ден низ скопските улици со испечатени маици во разни бои со натпис „НЕ“, под мотото: „Ултиматум – НЕ, благодарам!“ против францускиот предлог…

May 6, 2025 15:08
in КОНТЕКСТ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека доколку поранешниот министерот за економија Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани ќе излезе на улица и нема да се врати додека не испровоцира предвремени пармалентарни заедно со локалните избори, ја окарактеризира како притисок врз судската власт.

Шефицата на државата нагласи дека за разлика од Ахмети, таа ги мери зборовите, бидејќи не сака да се меша во судската власт.

„Јас за разлика од господинот Ахмети ќе ги мерам зборовите, не сакам да се мешам во судската власт, меѓутоа знаете што сите, а и господинот Ахмети и ДУИ многупати се повикувале на независноста на судската власт, меѓутоа ваквиот говор всушност значи притисок врз судската власт. Не сакам да давам оценка на квалфикацијата, веројатно е момент на слабост или не сакам да речам момент на неискреност, меѓутоа 30 години потоа, а особено и ДУИ 20 години потоа во власта, ние треба да го почитуваме начелото на поделба на власта и партиите треба да се настрана. Јас многу пати сум рекла дека честопати за нас велат дека не може да се направи разлика меѓу тенката линија, каде завршуваат партиите, а каде почнуваат државните институции. Државите во кои партиите понекогаш се претставуваат како да се државни институции, а не се, се нарекуваат партитократија, тоа не е демократски модел, истакна Сиљановска Давкова по завршувањето на Свечена академија по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, во МАНУ, чиј покровител беше таа.

Ахмети во изјава за „Слободен печат“ минатата недела порача дека ако Бектеши биде обвинет ќе предизвика протести и додаде дека во секој момент како од шега може да извади на улица десет илјади поддржувачи на ДУИ, кои би протестирале секоја недела.

„Ќе протестираме за Крешник. Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Ќе ги поддржиме и барањата и протестите на семејствата на загинатите деца во Кочани, што исто така бараат неселективна правда. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори“, изјави Ахмети.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека апсолутно нема потреба од предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните избори наесен доколку Алијанса за Албанците на Арбен Таравари го напушти владејачкото мнозинство.

„Предвремени избори треба да има тогаш кога се парализирани институциите, не можат да функционираат, кога мнозинството на власта е на границата на потребните 61. Далеку е од тоа. Впрочем, помина неполна една година. Да, имаме проблеми, дел од нив наследени, дел од нив нови, меѓутоа јас гледам дека институциите се справуваат со сиве овие проблеми“, изјави Сиљановска Давкова.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше на изјавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, според која нема потреба од предвремени избори ако Владата има 61 пратеник, дури и доколку албански пратеници ја напуштат коалицијата.

„Наместо обединувач, таа избра да биде дел од партиската поларизација. Наместо да биде глас на уставната обврска за градење соживот и консензус, Претседателката избра да стане гласноговорничка на едноетничката доминација. Овој пристап потсетува на темните времиња кога мајоризацијата, прикриена зад „мерит системи“ и „почитување на закони“, беше средство за системско потиснување на Албанците. Очигледно е дека сѐ додека не се обезбедат дополнителни уставни и политички механизми кои ќе ја гарантираат консензуалноста во изборот и дејствувањето на функцијата Претседател, оваа функција ќе остане перцепирана како исклучиво етничка – насочена само кон потребите на македонскиот народ“, велат од ДУИ.

Доколку Сиљановска Давкова не ја преиспита својата позиција, потенцираат од ДУИ, таа ризикува да биде призната само од дел од населението. Албанската народ нема да ја препознае нејзината функција како своја, туку како отуѓена и неавтентична за мултиетничкиот карактер на државата.

Претседателката Сиљановска Давкова иако поминаа речиси два месеца не ја искоментира заканата на премиерот Христијан Мицкоски, дека доколку членовите на Судски совет не постапат соодветно одлуката на парламентарците кои им изгласаа недоверба и се инаетат, дека е можно да им се случи народ, затоа што народот е желен за правда, а тој ќе го поддржи народот.

Мицкоски подвлече дека довербата од граѓаните на последните избори ја добиле токму заради нивните ветувања за правда за сите. Тој не смета дека ова е преседан и дека со ваквата најава за протести се врши упад во независноста на правосудството.

„Ние излеговме на избори, освоивме пола милион гласови, нас ни беше важно и многу важен дел од нашата кампања и програма беше правдата. Правда за сите, не само за поединци, туку правда за сите. И во име на тоа, имам чувство дека доколку дојде до ваква ескалација и излезе народ да протестира дека тој може да биде многуброен и нормално, поддржан лично од мене. Ако се служат со трикови, водат ианет дека може да се самоорганизира народ и да им се случи народ, наведе Мицкоски, на 14 март 2025 година.

По трагедијата во Кочани (на 16 март), во која за жал починле 62 лица, а стотина се повредени, секој граѓански собир, марш, протест, власта се обидува да го „задуши“. Протестите на семејставата на загинатите во Кочани или протестот на синдикалците власта се обиде да ги прикаже дека ги „органинизира опозицијата“. Најавата на Ахмети дека ќе извади илјадници луѓе на улица за барање правда за Бектеши и предвремени избори, власта се обидува да го прикаже како обид за дестабилизација на земјата. Зошто власта се плаши од „улицата“ која е демократско средство за искажување на незадоволството, кога токму актуелната власт, на чело со Мицкоски додека беа во опозиција протестираа речиси секој ден низ скопските улици со испечатени маици во разни бои со натпис „НЕ“, под мотото: „Ултиматум – НЕ, благодарам!“ против францускиот предлог…

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ