• Latest

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025

Мерц им порача на САД да се држат настрана од германската политика пред првиот телефонски повик со Трамп

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Голем дел од Западна Европа го одбележува Денот на победата во Европа (VE Day) на 8 мај, но безусловната воена капитулација што ја заврши Втората светска војна во Европа всушност беше потпишана ден претходно, во 2:41 часот наутро на седми мај, во Ремс, источна Франција.

Германија, за првпат, ќе го прогласи овој ден за државен празник, додека во Обединетото Кралство годишнината ќе се одбележи со богослужба во Вестминстерската опатија во Лондон, што ќе започне со национално двеминутно молчење. Комеморациите се одвиваат во контекст на војната во Украина, зголемувањето на трошоците за одбрана и промените во надворешната политика на САД.

Украинскиот претседателот Володимир Зеленски упати повик до сојузниците да се обединат во борбата против руската инвазија на Украина, додека Европа слави 80 години од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.

„Токму како пред 80 години, кога на сите конечно им стана јасно: злото не може да се смири. Мора да се бори. Заедно. Решително. Со сила. Со притисок“, изјави Зеленски.

Британскиот премиер Кир Стармер, по тој повод, пак, изјави дека „линиите на фронтот во Украина“ сега претставуваат „прва линија на одбрана на западните вредности“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

„Воената агресија на Путин, неговата кампања против слободна, демократска земја, нема ништо заедничко со борбата против национал-социјалистичката тиранија во Втората светска војна. Со своите „историски лаги“, Путин го „пере империјалното безумие, тешката неправда и најтешките злосторства.“, изјави германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, за време на „Часот на сеќавање“ во Бундестагот по повод 80-годишнината од крајот на војната.

РЕГИОН

Дали заминувањето на Вучиќ во Москва е крај на европските интеграции?

Со одењето во Москва за да го прослави Денот на победата, Александар Вучиќ, претседателот на Србија, „му фрли ракавица на Брисел“, и покрај предупредувањата што доаѓаа оттаму во последните денови дека таков потег може да има своја цена. Тоа значи дека тоа може да значи прекин на преговорите на Србија за интеграција со ЕУ,

СВЕТ

Во израелските напади врз ресторан и пазар во Газа убиени најмалку 33 Палестинци, десетици ранети

Најмалку 33 Палестинци се убиени, а десетици се ранети во два израелски напади врз преполн ресторан и пазар на истата улица во градот Газа, соопштија медицински лица и Министерството за здравство управувано од Хамас.

ФОРУМ

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

Mеѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ и тимовите на партнерските организации кои ја спроведоа иницијативата ги претставуваат овие препораки врз основа на водечките премиси кои вклучуваат:

Обнова на политичката култура;Зајакнување на демократските институции ; Спротивставување на авторитарните и крајно десничарските тенденции; Зајакнување и заштита на независните медиуми и граѓанското општество ; Обнова и зајакнување на меѓународните сојузи ;Развивање и застапување на стратегии за решително запирање на агресивната војна на Русија против Украина; Развивање и застапување на стратегии за ставање крај на конфликтите во други погодени региони.

Авторитарните тенденции се во подем – времето за дејствување е сега: Вовед во клучниот документ со препораки на глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани?

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Дали, откако Апасиев отиде на „баци-рака“ кај Путин, нашата земја од „непријателска“ ќе стане „пријателска“ за Русија? Или ова е само уште еден пропаганден потег во корист на режимот во Москва и исполнување на очекувањата на руските инсталации во земјата и шефот во Москва?“, во анализата од Дехран Муратов во соработка со ЦМДТ „Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ