• Latest

( ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија меѓу земјите што трошат најмногу за воена опрема во НАТО; Германија е за укинување на мерките против Косово, но повикува на координација на северот; Продолжуваат истрагите за Српска листа

June 18, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

( ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија меѓу земјите што трошат најмногу за воена опрема во НАТО; Германија е за укинување на мерките против Косово, но повикува на координација на северот; Продолжуваат истрагите за Српска листа

June 18, 2025 12:15
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на годините 2014-2024, албанските одбранбени власти потрошиле приближно 320 милиони евра за набавка на воена опрема, според графиконот прикажан во неделникот „Економист“, Албанија е меѓу земјите што трошат најмногу за воена опрема во НАТО, пишуваат албанските медиуми.

ЕУ има волја за отстранување на мерките на Косово, но бара подобра координација на северот на државата, вели  германскиот амбасадор Јорн Рохде, пренесуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Тема: Албанија меѓу земјите што трошат најмногу за воена опрема во НАТО

Албанија е меѓу првите земји-членки на НАТО кои потрошиле најмногу за воена опрема како процент од вкупните трошоци за одбрана, покажа графикон во неделникот „Економист“, пренесе Газета тема.

Албанија, која се приближува до квотата од 50 проценти до 2024 година, се рангира зад Полска и Унгарија, според прегледот на британското списание.

Во текот на годините 2014-2024, албанските одбранбени власти потрошиле приближно 320 милиони евра за набавка на воена опрема.

Ора њуз: По обвинувањата на опозицијата за „бугарски воз“, во Тирана денеска ќе се пребројуваат гласови од 1282 гласачки кутии

Денес ќе започне пребројувањето на гласовите за 1282 избирачки места во округот Тирана, по што ќе следат 587 избирачки места во округот Фиер и 360 гласачки кутии во Драч. Вкупно ќе бидат пребројани 2323 гласачки кутии од изборите на 11 мај, пренесе Ора њуз.

КОСОВО

Инсајдери: Германија е за укинување на мерките против Косово, но повикува на координација на северот

Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Рохде, изјави дека повеќето земји-членки на Европската Унија се за укинување на мерките, но ѝ наложи на Владата да не презема некоординирани акции на север, пренесе Инсајдери.

Роде рече дека државите биле подготвени минатата година.

Сепак, како што истакна, имало некои некоординирани акции на северот од земјата и некои од земјите-членки потоа рекоа „ајде да почекаме уште малку“.

РСЕ: Одложено сослушувањето на Златан Елек , истрагите за Српска листа продолжуваат

Сослушувањето на лидерот на Српската листа, Златан Елек, пред Специјалното обвинителство во Приштина, кое беше закажано за 18 јуни, е одложено, откако неговиот адвокат се разболе.

Во тек се истраги против Елек и неколку други функционери на оваа партија, бидејќи се осомничени за поткопување на уставниот поредок на Косово и учество во протестите и поставување барикади на северот од земјата, во 2022 година, пишува Радио Слободна Европа.

На почетокот на јуни, високиот функционер на Српската листа, Игор Симиќ, изјави дека тој самиот, заедно со Елек и Славко Симиќ – сите тројца актуелни пратеници во косовското собрание – се под истрага за вмешаност во нападот врз уставниот поредок на Косово и за други кривични дела поврзани со протестите од декември 2022 година.

КОЛУМНА

Коха: Дијалог со Путин? Наивната битка на некои германски социјалдемократи

„Документот од пацифистичкото крило на СПД ја идеализира политиката на канцеларот Вили Брант во 1970-тите. Во тоа време, Брант ги прошири односите со Советскиот Сојуз и Источниот блок, отворајќи го патот за повторно обединување на Германија две децении подоцна.

Но, пацифистите на СПД забораваат едно: во времето на канцеларот Брант, трошоците за одбрана на Германија беа повисоки отколку што се денес. Министерот Писториус сега го нагласува ова. Тој вели дека нема ништо против преговорите со Русија, под услов тие да се водат под еднакви услови. „Но, без потчинување“!“, пишува Авторот Енвер Робели, во колумната „Дијалог со Путин? Наивната битка на некои германски социјалдемократи“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ