• Latest
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Оливер Андонов за ЦИВИЛ: НАТО неминовно мора да ја засили поддршката за Украина во нејзината одбрана од руската агресија

July 1, 2025

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Оливер Андонов за ЦИВИЛ: НАТО неминовно мора да ја засили поддршката за Украина во нејзината одбрана од руската агресија

July 1, 2025 10:49
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ МЕДИА започна серијал  на тема „НАТО лидерски самит 2025: Предизвици и перспективи“ во кои релевантни соговорници, експери во областа на геополитиката, безбедноста, одбраната и членството во НАТО одговараат на прашањата за предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг, зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година и  единството на Алијансата во претстојниот период.

Своите ставови по овие прашања, ексклузивно за ЦИВИЛ МЕДИА ги сподели Проф. д-р Оливер Андонов, кој предава по предметите Тактика на мировни операции, Национална безбедност и Методика на настава со пешадиско вооружување на катедрата за Безбедност и кризен менаџмент на Воената академија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг?

ОЛИВЕР АНДОНОВ: По самитот ви Хаг можеме да зборуваме најпрво за предизвиците, додека перспективите ќе зависат токму од предизвиците. Најпрво да напоменеме дека НАТО е глобален геополитички воен сојуз. Најпрво поради тоа што носечките скржави членки се големи сили и самите тие претставуваат глобални актери во меѓународните односи.

Оттука, предизвиците за НАТО во многу ќе зависат од политиките на овие држави. Тоа е видливо и во однос на последните случувања со Иран и вмешувањето на САД што значи вмешување на НАТО. Затоа предизвиците ќе ги одредуваат перспективите на НАТО.

Засега јасно можеме да зборуваме за милитаризација на државите членки како перспектива, а видливи предизвици ќе бидат останатите глобални актери како Кина и Русија и секако најинтересно ќе биде да се следат хибридните активности и создавањето на прокси држави во рамките на НАТО. Но сепак, образложението на овој предизвик за НАТО во своите редови да има прокси држави и автократски режими како дел од хибридната војна со Русија и Кина како и економско-финансиските влијанија и прашањата на стратешката инфраструктура за потребите на НАТО бараат поголема елаборација.

ЦИВИЛ МЕДИА: Со кои предизвици се соочува иницијативата за зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година?

АНДОНОВ: Токму основниот предизвик кои допрва ќе предизвика ефекти врз односите во НАТО е одлуката за издвојување на 5% од БДП на државите за одбранбени потреби. Тоа беше очекувана одлука и токму врз основ на таа одлука се гледа тенденцијата за милитаризација. Но, основниот “проблем” е во распределбата на тие 5%.

Имено, две третини се предвидени за опремување и вооружување на армиите на земјите членки а една третина за одбранбени способности. Ова вооружување како акцент може да биде во согласност со основата на новиот одбранбен концепт на НАТО “Отпорност и Одвраќање”, и тоа со акцент врз одвраќањето на потенцијалните или видливите непријатели со засилување на воените пред се борбени капацитети на државите.

За нас како мала држава, ова не е поволно решение и можеби требаше да предложиме за економски, територијално и капацитетно помалите-послаби земји членки овие 5% да бидат во обратен сооднос. Доколку Македонија во следните 10 години низ НАТО програмите издвојува 2 /3 за производство во воената индустрија, инфраструктура и логистички објекти тоа ќе ја засили македонската економија и секако државата, бидејќи овие вложувања ќе имаат и цивилна употреба со што ќе се засили отпорноста на населението и државата.

Вака како што е направен соодносот ние ќе мораме да купуваме вооружување и борбена опрема од надвор, бидејќи не произведуваме самите за да си купиме сами од себе. Тоа значи дека околу 200 милиони евра годишно ќе одвојуваме за купување вооружување заради опремување на армијата. Тоа на прв поглед изгледа убаво да имаме опремена армија, но за нас тоа е незначаен удел ви НАТО. Тоа што ме загрижува во овој аспект е од каде ќе скратиме во буџетот кој и така тешко со позајмици го полниме и второ, отвораме можност за дополнителни јавни набавки со големи суми. Трето прашање е одржувањето на купената борбена и неборбена опрема.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали по овој самит може да се очекува поголемо единство на Алијансата во претстојниот период

АНДОНОВ: Единството на алијансата е нарушено низ политичката призма и мислам дека формално е зачувано. Тука во прашање е однесувањето на администрацијата на Трамп во однос на НАТО. Европскиот дел од НАТО е многу повеќе сплотен, но не очекувам генерално дополнителни потреси во меѓусебните односи на сојузниците. Сепак ќе видиме во пракса, посебно низ примерот на Украина и поддршката која НАТО неминовно мора да ја засили во нејзината одбрана од руската агресија.

Драган Мишев


ПРОЧИТАЈТЕ И:

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

Едвард Џозеф за ЦИВИЛ: НАТО самитот во Хаг беше успешен – добивме силна изјава за Член 5 и импресивен договорот за зголемени трошоци за одбрана

Tags: зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од БДП до 2035 годинаНАТО Самит во ХагОливер Андоновруската војна во Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ