• Latest

24 ЧАСА: Владата и ДИК без одговор, ДКСК со осуда за предизборната кампања на министерката за финансии; за Меџити, дивоградбите во Чаир не се предизборна тема; Германија запре со продажба на оружје на Израел

August 8, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Владата и ДИК без одговор, ДКСК со осуда за предизборната кампања на министерката за финансии; за Меџити, дивоградбите во Чаир не се предизборна тема; Германија запре со продажба на оружје на Израел

August 8, 2025 17:14
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Локални избори 2025 – политички наративи, злоупотреби, предизборна кампања

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на својот Фејсбук профил,во работно време во 11:42 часот, се пофали дека разговарале за локални избори и остварила конструктивна средба со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, од ВМРО-ДПМНЕ. ЦИВИЛ упати прашање до Владата, ДКСК и ДИК и не доби одговор дали ќе преземат некакви мерки, односно како ќе ја коментираат фалбата на Гордана Димитриеска-Кочоска дека во нејзиниот кабинет разговарале за локални избори и остварила конструктивна средба со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е само еден пример, но нема да биде ни последен како се преближуваат локалните избори. ЦИВИЛ започна со својот мониторинг на локалните избори 2025, но и со порака до граѓаните дека е тука да ја зајакне јавната свест, да ги разобличи дезинформациите, да укаже на злоупотребите и да им помогне на граѓаните нивниот глас да биде слушнат и заштитен.

Од своето долгогодишно искуство во набљудување на изборни процеси, ЦИВИЛ континуирано укажува на опасностите од дезинформации и координирани политички наративи кои имаат цел да ја изместат вистинската слика за изборниот процес. Во своите извештаи, ЦИВИЛ честопати нотира случаи на говор на омраза, манипулација со јавноста преку лажни вести, злоупотреба на јавни ресурси и притисоци врз гласачи – појави кои директно влијаат на интегритетот на изборите и демократските процеси во државата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Добро е Бујар да спомне прво дека живее во дивоградба. Куќата каде што живее е изградена како дивоградба од негова страна, и е легализирана, па после за другото. Тој има најмалку морално право да зборува за тоа. Без разлика, и да е легализирана, си е дивоградба. Цело време беше министер со неколку функции, и има дивоградба легализирано. Тој сака тоа да не им се дозволи на обичните граѓани, на социјалните случаеви коишто немаат имотен лист… Има мораториум за дивоградбите. Ако некој нема право морално да збори, тоа е човекот којшто живее во дивоградба, тоа е Бујар Османи“, изјави вицепремиерот Изет Меџити. 

РЕГИОН

Додик побара од Судот на Босна и Херцеговина да ја смени затворската казна во парична

равниот тим на претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик, испрати барање до Судот на Босна и Херцеговина со кое бара казната затвор од една година да се замени со парична казна. Ова е можност пропишана со Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, според кој еден ден затвор чини 100 КМ (50 евра). Додик ќе плати околу 36.500 КМ (малку повеќе од 18.000 евра) за една година.

СВЕТ

Германија ја запре продажбата на оружје на Израел, како одговор на планот на Нетанјаху за преземање на градот Газа

Германија вели дека го суспендира воениот извоз во Израел, како одговор на планот на Бенјамин Нетанјаху за преземање на градот Газа. Германија е втора земја од Европската Унија која воведува забрабна за продажба на оружје на Израел, откако на 1 август Словенија воведе ембарго за извоз, увоз и транзит на оружје во Израел, со што стана првата европска земја што презела таков чекор.

АЛ ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Гласањето за претседател на косовското собрание да биде јавно, еден кандидат може да се гласа три пати- одлучи уставниот суд; Синдикатот на РТК ќе поднесе тужба доколку до 14 август не добијат плата.

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Партиското клиентелистичко членство не ѐ веќе доволно за големи изливи на единство и масовна хистерија. Затоа мора да сѐ работи на прибирање на секое зрно во амбарот. Тоа што на одговорни места се ставени личности кои предизвикуваат негодување кај членството може за момент да се премости со нови ветувања и разгорување на чувството на загрозеност на национален план. Мислам дека ќе бидеме сведоци на низа на изјави и постапки кои за крајна цел имаат сплотување на „нашите “ наспроти „нивните““, пишува Војо Маневски во „Национализмот како излезна стратегија секогаш завршува со криза“.

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ