• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Гласањето за претседател на косовското собрание да биде јавно, еден кандидат може да се гласа три пати- одлучи уставниот суд; Синдикатот на РТК ќе поднесе тужба доколку до 14 август не добијат плата

August 8, 2025
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Гласањето за претседател на косовското собрание да биде јавно, еден кандидат може да се гласа три пати- одлучи уставниот суд; Синдикатот на РТК ќе поднесе тужба доколку до 14 август не добијат плата

August 8, 2025 14:02
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на Косово пресуди дека пратениците на Собранието на Косово мора да го изберат новиот шеф на законодавното тело преку јавно гласање и во рок од 30 дена. Во соопштението објавено во петокот се наведува дека Уставниот суд утврдил дека за истиот кандидат може да се гласа само до 3 пати и дека сите пратеници мора да учествуваат во гласањето, објавија косовските медиуми, по сагата со повеќемесечното (не)конституирање) на Собранието.

Албанија оваа недела се приклучи на заедничката изјава издадена од 14 западни земји – вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија, Франција и Канада – во која се осудуваат операциите на иранските разузнавачки служби на нивните територии, пренесуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Коха – Уставен суд: Гласањето за претседател треба да биде јавно, за истиот кандидат може да се гласа само 3 пати

Уставниот суд на Косово пресуди дека пратениците на Собранието на Косово мора да го изберат новиот шеф на законодавното тело преку јавно гласање и во рок од 30 дена. Во соопштението објавено во петокот се наведува дека Уставниот суд утврдил дека за истиот кандидат може да се гласа само до 3 пати и дека сите пратеници мора да учествуваат во гласањето.

Уставниот суд утврди дека избраните пратеници на Собранието на Република Косово не ја спровеле Пресудата од 26 јуни 2025 година на Уставниот суд на Република Косово, и следствено сите седници одржани од 27 јуни до 26 јули 2025 година се прогласени за неважечки.

Исто така, според соопштението, претседателот на Конститутивната седница на Собранието, Авни Дехари, не постапил во согласност со Пресудата на Уставниот суд на Република Косово од 26 јуни 2025 година и следствено неговите постапки се неспоиви со Уставот на Косово. Судот му наложи на претседателот да продолжи со точка 3 од дневниот ред – продолжување со гласањето на претседателот на Парламентот – од следната седница, пренесе Коха.

ИНА: Одобрена спогодба за признавање на вина за Игор Поповиќ, затворската казна е заменета со парична казна од 3 илјади евра

Основниот суд во Приштина денес го одобри договорот за признавање на вина за Игор Поповиќ, помошник-директор на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија.

Спогодбата, која беше одобрена на денешната седница, предвидува дека 6-месечната затворска казна ќе биде заменета со други мерки.

Обвинителот во случајот, Фикрије Красниќи-Фејзулаху, му предложи на судот да изрече казна од шест месеци затвор, но овој притвор да биде заменет со парична казна од 3 илјади евра и протерување на Игор Поповиќ од Косово во траење од две години.

Поповиќ, кој ја навреди ОВК на митингот во Раховец, е обвинет за намерно поттикнување и ширење омраза и нетолеранција меѓу етничките групи, пренесе ИНА.

РТК: Синдикатот на РТК предупредува на тужба доколку нема плати до 14 август

Синдикатот на работниците на РТК (СПЕРТК) најавува дека, доколку средствата за плати на работниците не се реализираат до 14 август 2025 година, Синдикатот на работниците на РТК ќе поднесе тужба до судот, преку адвокат, против сите институционални раководители.

„Со тужбата ќе се бара правна одговорност за тешката финансиска состојба создадена во РТК, неисполнувањето на платите и кршењето на основните права на вработените, како и за сериозното загрозување на функционирањето на јавниот радиодифузен сервис на Косово. Денес, на 8 август, платите на вработените сè уште не се извршени. Финансиската состојба е влошена, како за институцијата, така и за персоналот кој се соочува со големи економски и социјални тешкотии“, се наведува во соопштението за јавноста на СПЕРТК.

И покрај оваа ситуација, според Синдикатот на работниците на РТК, вработените во РТК продолжуваат да ја одржуваат програмата во функција, со висока професионална посветеност, не дозволувајќи прекин на информациите и услугите за јавноста, објави РТК.

АЛБАНИЈА

Панорама – БИРН: Албанија се приклучува кон изјавата на САД и западните сојузници во која се осудува Иран за кршење на суверенитетот

Албанија оваа недела се приклучи на заедничката изјава издадена од 14 западни земји – вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија, Франција и Канада – во која се осудуваат операциите на иранските разузнавачки служби на нивните територии.

Соопштението означува заострување на меѓународните ставови кон Техеран и ја осудува неговата сè поблиска соработка со криминалните мрежи за прогон на политички дисиденти, новинари, службеници и религиозни малцинства.

„Обединети сме во спротивставувањето на напорите на иранските разузнавачки служби да убиваат, земаат заложници или прогонуваат луѓе во Европа и САД, што е јасно кршење на нашиот суверенитет“, се вели во заедничкото соопштение.

Албанија не е само симболичен потписник на соопштението, бидејќи Иран е обвинет за тековни сајбер напади врз онлајн системите на земјата. Најновиот беше во јуни оваа година, кога Општина Тирана се соочи со сајбер напад што ги уништи 55 јавни услуги, објави Панорама.

КОЛУМНА

Коха: „Олуја“, 30 години подоцна

Хрватска ја одбележа 30-годишнината од ослободувањето на својата територија, што е на 4 август, денот кога беше започната операцијата „Олуја“ ( Бура)  во 1995 година. Оваа јубилејна година, овој ден беше одбележан со голема воена парада на која Хрватска го покажа своето модерно оружје како земја-членка на НАТО и им оддаде почит на своите борци кои ги дадоа своите животи за слободата.

Србија, но и некои западни медиуми, ѝ дадоа на оваа манифестација националистички епитет, иако многу други европски земји исто така организираат вакви воени паради.

Белгија го стори тоа пред неколку дена кога го одбележа својот национален празник, како и Франција, САД, Швајцарија и многу други земји. Србија, од друга страна, заедно со српските политички сили од Босна и Херцеговина и Црна Гора, во коорганизација со Српската православна црква, ја одбележува оваа годишнина, сакајќи да ја претстави како најголемото злосторство што се случило на територијата на поранешна Југославија, на кое жртви биле Србите. А во српскиот наратив, воопшто не се споменуваат сите тие случувања што се случија во Хрватска пред операцијата „Бура“, за злосторствата и уништувањето на Вуковар, Дубровник, Сребреница, Сараево и многу други места.

Сите овие српски злосторства во текот на годините, а особено геноцидот во Сребреница, доведоа до разбирање, колку и да е премолчено, на операцијата „Олуја“ од страна на голем дел од меѓународната заедница.“, пишува Авторот Аугустин Палокај, во колумната „Олуја“, 30 години подоцна, објавена во косовскиот дневен весник Коха.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ