• Latest

24 ЧАСА: За платено политичко рекламирање пријавени 333 медиуми; Се активира механизмот за претставки за изборни активности онлајн; Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски; Ескалација на протестите во Србија

August 14, 2025
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: За платено политичко рекламирање пријавени 333 медиуми; Се активира механизмот за претставки за изборни активности онлајн; Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски; Ескалација на протестите во Србија

August 14, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Пријавени 333 медиуми за платено политичко рекламирање, во функција механизмот за жалби за изборните активности во онлајн просторот

До Државната изборна комисија (ДИК) во предвидениот рок (три дена од распишување на изборите) за платено политичко рекламирање за локалните избори на 19 октомври се пријавиле 333 медиуми, но од Комисија нагласуваат дека списокот не е конечен бидејќи барањата се проверуваат, а исто така вечерва на полноќ истекува и рокот за доставување на ценовниците. Според Роковникот на ДИК, ценовниците треба да се потврдат и објавата на веб страната на ДИК најдоцна на 24 август.

По распишувањето на Локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, одново се активира Координативното тело за постапување по претставки врз основа на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, како механизам за заштита и почитување на правото на слобода на изразување и информирање, загарантирано со членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и македонските закони.

Како се приближуваат локаните избори така се засилува и партиската реторика опфаќајќи широк опус на наративи кои содржат или предизвикуваат говор на омраза. Иако не секогаш се чини дека се во изборен контекст, сепак, досегашното искуство на ЦИВИЛ покажува дека секоја тема, наратив, дискурс кој произлегува како дел од изјавите на политичарите подлежи на потенцијален говор на омраза, особено на социјалните мрежи или преку посредство на медиумите.

Повеќе, во едукативните текстови за тоа Што е што во изборен контекст.

Граѓанската активистка од Шанса за Центар и поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска денеска на прес-конференција ги соопшти мотивите за кандидатурата за градоначалничка на Општина Центар за претстојните локални избори на 19 октомври.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

Уставниот суд информира дека е формиран предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан од министрите Генчовска и Османи  донесен на 17.07.2022 година во Софија, во времето кога беше договорен таканаречениот „француски предлог“.

Подносител на иницијативата донесена пред 3 години е поранешната пратеничка и претседателка на ДОМ Лилјана Поповска, која бара поништување на Протоколот и тврди дека е прекршен Уставот,  има несоодветна форма и содржина и дека излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден член од Договор меѓу две земји и произведува штетни дејствија врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава.

Уредникот на БГНЕС во едиторијалот ова го оценува како кампања за прикривање на офанзивата против Преговорачката рамка со Европската Унија и против Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија од 2017 година со двата протоколи што произлегоа од него, а одлуката на судот за само неколку дена за да отвори постапка за разгледување на жалбата како доказ дека политичкиот естаблишмент стои зад поднесувачот Лилјана Поповска.

РЕГИОН

Србија: Ескалација на протестите во неколку градови, меѓу повредените има и полицајци, Вучиќ вели спречиле граѓанска војна

Во Србија се случија насилни судири за време на протестите против претседателот Александар Вучиќ. Судири избувнаа во бројни поголеми и помали градови меѓу демонстрантите, полицијата и поддржувачите на Вучиќ, објавија српски регионални медиуми.

СВЕТ

Украина врати дома 84 Украинци од руско заробеништво во најновата размена на затвореници – некои заробени од 2014 година

Украина обезбеди враќање на 84 војници и цивили од руско заробеништво во нова размена на затвореници со Москва, објави претседателот Володимир Зеленски.

Речиси сите новоослободени бараат медицинска нега и рехабилитација, додаде тој.

Триесет и три припадници на воената служба и 51 цивил беа ослободени во најновата размена, соопшти Координативниот штаб на Украина за третман на воени заробеници (ВО).

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Што мислите за однесувањето на политичарите во овој период?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Престанете да ѝ кажувате на Украина да се откаже од земја. Кажете ѝ на Русија да ја врати, стои во објава на социјалните мрежи што стана вирална во деновите пред премногу надуениот состанок меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот диктатор и воен злосторник Владимир Владимирович Путин.

Ја споделив затоа што е повеќе од духовита и ефектна морална оценка. Тоа е кондензирана, логична и веродостојна позиција — единствено можното решение за постигнување праведен и траен мир во Украина, заснован на демократски вредности и правда. Од Кијив до Берлин, од Варшава до Париз, лидери, мислители и гласови од граѓанското општество ја повторуваат истата вистина: мирот мора да се темели на целосно повлекување на руските трупи, правда за воените злосторства и репарации за уништувањето што го предизвикаа.“, пишува Џабир Дерала, во колумната „Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати“.

„Малиот број професионални и независни медиуми во регионот оваа година доживеаа чистка – дел се должи на факторот трампизам, а дел на повлекувањето на другите надворешни поддржувачи: Балканот е осуден на западната индиферентност. Или да биде жртва на плановите на источните автократи кои ја користат и оската Будимпешта- Србија – Македонија“, пишува Љубомир Костовски во вториот дел од анализата „MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ : Главен уредник – Александар Вучиќ“.

Подготви: Д. Тахири

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ