ВЕСТ НА ДЕНОТ
Екс-антикорупционерката Ивановска доби кривична – обвинува за притисок од власта
Независната кандидатка за градоначалничка, поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска на својот Фејсбук профил објави дека добила кривична пријава и обвини за притисок од власта..
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Русија треба да се согласи на прекин на огнот со Украина кога претседателот Владимир Путин ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц пред историската средба. „Претседателот Трамп сега може да направи значаен чекор кон мирот. Тој заслужува благодарност за оваа иницијатива и тесната координација во изминатите неколку дена“.
РЕГИОН
Судири, солзавец и демолирани простории на владејачката партија на протестите во Србија синоќа
На антивладините протести на 14 август, кои беа повикани од студенти кои со месеци ги блокираат високообразовните институции во Србија, беа регистрирани неколку инциденти, објави РСЕ на српски јазик…
СВЕТ
Трамп ќе се сретне со Путин денеска во Алјаска
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе се сретне еден на еден со рускиот претседател Владимир Путин во Анкориџ, каде што се очекува двајцата лидери да разговараат за војната во Украина…
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми: Седум дена од „агресијата“ врз Њуз 24; Во Албанија е нарушен информативниот плурализам; Косово се спрема за локални избори во октомври
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ
ЧОВЕКОВИ ПРАВА
САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија
Целосно е исфрлениот делот за македонското малцинство во новиот извештај за состојбата во Бугарија, додека во извештајот за 2023 објавен во 2024 делот „Слобода на здружување“ беше целосно посветен на правата на македонското малцинство во Бугарија за слободно здружување. Во годинашниот извештај нема ништо за тоа. Новата американска администрација не се занимава со правата на малцинствата во Бугарија
РЕПРИНТ
Во контекст на денешниот избор на Цвета Ристовска за заменик претседател Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), да се потсетиме која беше Цвета Ристовска пред да стане дел од антикорупциската комисија, еден од двата главни актера кои се најдоа во средиштето на „аферата“ за наводните фалсификувани сертификати и дипломи на директорот на АНБ, Бојан Христовски, пишува Драган Мишев во текстот „Гордиевиот јазол – Антикорупциска, Цвета Ристовска и инкриминираната диплома на директорот на АНБ“.
Подготви: Д. Мишев