• Latest
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025 11:42
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Кога започнува кампањата? Кога се предлага и се брани концептот со проектите кои ги предлага кандидатот?

Законот тоа го одредил на дваесет дена пред денот на изборите . Кај нас се ѐ релативизирано па и траењето на кампањите. Всушност, ние постојано сме во некаква кампања, судејќи според тонот и пристојноста на прес конференциите на политичките репрезенти. Престана веќе да нѝ смета ниското ниво на пристојност во нивната комуникација а за одговорноста за изреченото и да не разговараме. Неа ја нема.

Тоа очигледно го апсолвиравме како нормална политичка борба не разбирајки дека партиите  веќе не се борат меѓусебе туку со нас граѓаните. Секоја власт има свои аномалии, ама тие не смеат да станат државни болести. Ако тоа го прифаќаме како нормалност тогаш што се чудиме на нашите млади кои нѐ напуштаат не прифаќајки таква нормалност.

За два месеца се локалните избори. Ќе избираме градоначалници и Совети на општините. Уште сега можам да предвидам како ќе изгледа првиот работен ден на новите градоначалници кои нема да се дел од досегашната партија на власт: „се соочуваме со катастрофална финансиска состојба во општината“. „Нашите претходници со недомакинско работење оставија пустош“.

Таму каде ќе продолжи истата партиска номенклатура патетично ќе ветува продолжување на добрите политики и засилено темпо на реализација на започнатите или ветените проекти.

Во првиот случај новите власти како да дошле од некоја друга држава и немаат појма какви се состојбите. Во опозиција постојано изнесуваат во јавност разни податоци од работењето на власт, а кога ќе дојдат на власт се чудат за состојбите. „Изненаѓени“ и „увредѓени“. Најчесто и тие до изборите се некакви советници или шефови на локални ограноци на партија и имале можност  да се запознаат во состојбите во локалната власт. За волја на вистината објавени се долговите на сите општини во државата и долговите на сите локални претпријатија . Сите знаеме дека тоа е пазарната цена на партизацијата на овие битни претпријатија за функционирањето на општините. Сите знаеме ама се лутиме кога не нѝ се чисти улиците или имаме постојан недостаток на вода и други комунални потреби. Молчиме затоа што некаде во нашата свест е ставен стравот од власт и властодршци. Не се закачувај со државата велат моите штипјани . Е после чорба македонче.

Ако веќе сериозно се борите за локалната власт почитувани кандидати и кандидатки, излезете со програми, мерки за санација на долговите и подигање на ефикасноста на локалните претпријатија. Нешто што по дефиниција би била ваша обврска доколку ви ја дадат довербата граѓаните. Не нѝ кажувајте колку крадела сегашната власт и дека ќе одговараат ако вие дојдете на нивно место. Тој филм веќе не ѐ ни за журнал. Местото му е меѓу патетичните цртани филмови како оној за Калимеро. Наместо тоа побарајте ги на увид и изнесете ги пред  јавноста податоците за доспеаните и договорените обврски на општината кои ќе треба да се раеализираат од буџетот. Тоа право ви го дава законот, а секако имате и советници кои според деловникот можат да ги барааат тие податоци. Така квалитативно ќе се подобри кампањата и граѓаните ќе имаат порелеванти податоци за својот избор на следната локална власт. Се сѐ плашам дека според досегашната практика ќе правите митинзи и средби со своите членови каде ќе нема граѓани што не се дел од вашата партија и се ќе остане по старо.

Според некои проценки добар дела од досегашните локални власти имаат шанса да добијат уште еден мандат. На што ќе  ја темелат својата понуда? На проектите кои ги реализирале, а кои се според закон нивна обврска? Наместо да се расплинуваат со десетина крупни проекти, многу подобро е да излезат пред граѓаните со два големи проекти кои се значајни за граѓаните. И што е најважно од се, ѐ да понудат нова програма и политика која нема да ги повторува грешките од претходните четири години. Вистинското прашање од граѓаните треба да биде, како да се вклучат сите човечки ресусрси во реализација на крупните проекти  за да се избегне партиската припадност како објективно ограничување за каптажа на младите и образовани кадри.

Ќе понудат ли нови програми и постапки за санација на долговите на локалните претпријатија . Она што досега го правеле не донело резултат на тоа поле. Ако ја бараат довербата на граѓаните треба да кажат како ќе се намалат милионските долгови кои нема сами од себе да се намалат. Вториот мандат секогаш е можност за решавање на крупните проблеми во општините. За такви постапки имаат веќе четиригодишно искуство.

За листите за советници нема потреба да се пишува зошто без измена на законот тие се сопственост на партиите кои ги предложуваат. Граѓаните се должни да гласаат онака ѓутуре, па што биде нека биде. Додуша Советите и не одлучуваат нешто посебно кога се на власт со градоначалникот од истата партија. Ако таа партија е и на централна власт тогаш се дигаат два прста и се чека да се исплати паушалот.

Колку независни кандидати ќе учествуваат во кампањата ќе видиме. Досега не беа прифаќани од истата биолест од која боледуваат балканските народи. Колективноста им дава некаква сигурност додека индивидуалноста бара и лична одговорност за кажаниот став или избор. Е овде сме тенки мои почитувани сограѓани од сите етноси и вери. Затоа и постојано кукаме за некакво единство плашејки се од лична одговорност.

Ете, кажав што кажав, како иницијатива во следниве неколку недели да се направи некаква обука за сите заинтересирани кандидати за носители на локалната власт. Ако ништо друго да немаат аргументи по изборите да се чудат какви се состојбите во локалната самоуправа.

А ние почитувани сограѓани никако да научиме дека од секое дрво свирка не се прави. Врба треба и тоа во пролет кога се млади фиданките.


Текстот е личен став на Авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: кампањакандидати за носители на локалната властлокални избори
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ