• Latest

Македонски блок 2025: Валкана кампања, дезинформации и манипулации

September 1, 2025
Седиштето на НАТО во Брисел (фото: Џ. Д. / Цивил)

НАТО реагираше поради Додик: Секоја закана за сецесија е опасна

September 4, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ најави можна набавка на оружје од Кина и ги обвини соседите за формирање воен сојуз против Србија

September 4, 2025
Руски напад врз областа Донецк предизвика пожар, кој ја погоди цивилната инфраструктура на 4 септември 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби / Телеграм

Најмалку 15 убиени цивили, 26 повредени во руските напади низ Украина во текот на изминатиот ден

September 4, 2025

Зад затворените врати на АНБ: Декласификација или манипулација – кој се плаши вистината да излезе на виделина?

September 4, 2025
(од лево на десно) Дел од потписниците на Заедничката изјава: Мика Бојстер (Германска унија на новинари), Волфганг Ресман (Медија Дијалог) и Роџер Касале (Вестминстерска алијанса за Украина) на Економскиот форум во Полска, 3 септември 2025.

Слободата на медиумите под притисок: Европските организации алармираат

September 4, 2025
Фото: Скриншот од веб портали

Рускиот пропаганден наратив за „киевскиот режим“ се одомаќини во дел од македонските и српските портали

September 4, 2025

На раскрсница: Одбраната на медиумските слободи започнува во Источна Европа

September 4, 2025

Нападот врз новинарот Насер Селмани е закана за слободата на говорот и демократијата – молк од новинарските здруженија

September 4, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте повторно поддржа можно распоредување европски трупи во Украина по војната со Русија

September 4, 2025

Две нови иницијативи во ЕП за изгласување недоверба на Еврокомисијата

September 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Македонски блок 2025: Валкана кампања, дезинформации и манипулации

September 1, 2025 16:45
in АКЦЕНТ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на локалните избори, двете најголеми партии од македонскиот блок – владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ настапуваат со остри кампањи кои го мобилизираат своето членство, но и ја продлабочуваат поларизацијата во јавноста, истовремено создавајќи атмосфера при што граѓаните стануваат мета на негативна кампања, дезинформации, говор на омраза и манипулации.

Според анализата на Драган Мишев „Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи,“ наративите кои преовладуваат во пресрет на локалните избори се јасни – ВМРО-ДПМНЕ се претставува како партија што ја обновува државата и ја враќа стабилноста, со зачувување на македонскиот идентитет, јазик, додека СДСМ се позиционира како гарант на демократијата и европскиот курс за кој сметаат дека е загрозен.

И двете страни користат блиски медиуми за ширење негативни наративи, при што често се мешаат факти со шпекулации кои само го продлабочат јазот меѓу и онака поделеното гласачко тело.

Предизборна атмосфера на терен веќе е поларизирана, со остри препукувања на митинзи, медиумски настапи и особено на социјалните мрежи. Кампањата е повеќе насочена кон мобилизација на сопственото членство отколку кон освојување на неопределените гласачи.

Јавниот дискурс е преполн со навреди, етикети и демонизација на противникот со користње термини како „предавници“, „патриоти“, „мафијаши“ и „непријатели на државата“, лични дисквалификации на кандидатите, со што се создава атмосфера на непријателство, наместо натпревар на идеи.

Говорот на омраза особено ескалира на социјалните мрежи, каде што армиите на партиски симпатизери и ботови ја засилуваат агресивната реторика и придонесуваат за дезинформациски хаос.

Локалните избори, иако формално се однесуваат на општинските политики, повторно се претвораат во национален политички тест и битка за доминација на големите партии. Наместо натпревар во визии за локален развој, кампањата се претвори во борба за симболичка доминација, во која секоја страна ја прикажува другата како егзистенцијална закана. Доминираат негативната кампања, дезинформациите и говорот на омраза, што ја поткопува довербата на граѓаните и ја редуцира можноста за суштинска дебата за иднината на општините.

Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ