• Latest
Илустрација ВИ

Законот за правична застапеност – гаранција или уште еден експеримент?

September 5, 2025

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Законот за правична застапеност – гаранција или уште еден експеримент?

September 5, 2025 08:55
in АНАЛИЗИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Илустрација ВИ

Илустрација ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, ја посети Северна Македонија и имаше средба со претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судијката Ана Павловска Данева. Во фокусот на разговорите беше одлуката на Судот У.бр.90/2024, со која беа укинати одредби поврзани со терминот „припадност на заедниците“, меѓу нив и делови од Методологијата позната како „Балансер“.

Укинувањето на алатката „балансер“, со замена на нов Закон за правична застапеност, предизвика разочараност кај голем дел од граѓаните — наспроти фактот што балансерот беше злоупотребуван — но се поставува прашањето дали Законот ќе биде тоа што треба да биде, меѓу другото и поради постојаните препукувања помеѓу партиите од албанскиот блок, коалицијата ВЛЕН и ДУИ.

ВЛЕН и ДУИ во костец околу поранешните и сегашните „дела“ за правичната застапеност

ДУИ оцени дека укинувањето на балансерот претставува „атентат врз темелите на Охридскиот договор“. Потпретседателот на партијата, Арбер Адеми, обвини дека Владата ја крши политичката волја на Албанците и дека се подготвува да го загрози принципот на Бадентеровото мнозинство. Според него, ова не е политички лапсус, туку намерно сценарио за ослабување на правата на Албанците и поткопување на мултиетничката структура на државата. Тој истакна дека Владата ги игнорирала клучните елементи од законот за јазици, ја намалила бројката на советници во општините и ја ограничила застапеноста на албанската дијаспора.

Од друга страна, ВЛЕН обвини дека токму ДУИ две децении го користела принципот на правична застапеност за лични и партиски интереси, вклучувајќи корупција, пазарење и одржување на моќта.

„ДУИ го користеше балансерот за вработување на своите, ние носиме закон што ќе донесе еднаквост и правда,“ се вели во соопштение од ВЛЕН.

Од таму, нагласуваат дека новиот закон ќе воведе јасни обврски за институциите и ќе ја врати довербата кај граѓаните.

Вицепремиерот Изет Меџити изјави дека балансерот не се укинува, туку се унапредува во нова законска рамка, бидејќи досегашната пракса имала „контра-ефект“. Законот, според него, има за цел администрацијата да биде сервис за сите граѓани, изградена врз заслуги, знаење и интегритет, наместо на партиски книшки.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека новиот закон поставува нов стандард, каде стручноста и интегритетот ќе бидат поважни од партиските книшки, и дека целта е администрацијата да функционира како сервис на сите граѓани, без дискриминација.

Балансерот – гаранција или злоупотреба?

Балансерот долго време функционираше како алатка за регулирање на етничката застапеност во јавниот сектор. Идејата беше да се обезбеди фер пристап на сите заедници, но неговото спроведување често предизвикуваше реакции. Првите критики доаѓаа од граѓаните, кои сведочеа за неправди, на чии укази се приклучи и граѓанскиот сектор и експертите, како и серијата панел дискусии на тема „На чија услуга е балансерот“ на ЦИВИЛ, алармираа за системските пропусти, предупредувајќи дека методологијата овозможува злоупотреби и партиски клиентелизам.

Бележани се многу случаи кога кандидатите пријавувале „друга етничка припадност“ за да добијат предност, како и масовна партизација на институциите. Во таа смисла, за дел од јавноста, балансерот често имал контраефект и не гарантираше вистинска правична застапеност. Сепак, за Албанците и другите помали заедници, тој долго време беше единствената механичка гаранција за фер пристап во администрацијата.

Нов закон: крај на дебатите или почеток на нови предизвици?

Во јуни годинава, Владата го усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, кој за првпат го регулира принципот на фер застапеност во системска законска рамка. Законот предвидува секоја институција да го почитува принципот на фер застапеност, а формираното координативно тело предводено од вицепремиерот ќе го следи спроведувањето.

Сепак, со укинувањето на балансерот, иако често злоупотребуван, институциите остануваат без конкретен механизам за пропорционална застапеност. Законот ја префрла одговорноста на политичката волја и остава простор за селективна примена. Дополнително, се создава сомнеж бидејќи ВЛЕН со месеци тврдеше дека „законот е готов“, а всушност неговото креирање беше доверено на контроверзни личности блиски до власта, како што е универзитетската професорка Тања Каракамишева. Ова ја отвора дилемата дали законот навистина е дизајниран да донесе еднаквост или да ја зацементира контролата на новата политичка елита.

Правична застапеност: декларација или реалност?

И покрај официјалните изјави на лидерите, останува прашањето – дали новиот закон навистина ќе гарантира правична застапеност за сите заедници, или станува збор за уште еден политички експеримент, кој ќе остави институциите без реални механизми за контрола и спроведување на принципите на Охридскиот договор?

За јавноста и граѓаните, без конкретен механизам како што беше балансерот, законот ризикува да остане декларативен, оставувајќи простор за селективна примена и нови неправди во пракса.

Новиот закон ја поставува рамката за правична застапеност, но вистинската вредност ќе се мери низ практичната имплементација. Доколку политичката волја и институционалната контрола не бидат силни ( и (не) се злоупотребат), законската декларација може да остане само хартиена гаранција, без реално влијание врз еднаквоста, односно вистинската правична застапеност на граѓаните во јавната администрација.


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ