• Latest
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025 15:29
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Во разговорот со новинарскиот ветеран и политички аналитичар Љубомир Костовски разговараме за објасти кои се наметнуваат како суштински за сегашниот политички и општествен момент во Северна Македонија.

Со Костовски разговараме за актуелната политичка состојба низ призмата на претстојните локални избори – како локалните теми, кои природно се врзани со секојдневните проблеми на граѓаните, се прелеваат во национални и националистички наративи. Мицкоски и неговата партија не можат да ја избегнат оваа динамика – локалните прашања сами по себе се наметнуваат, а за да ги избегнат, функционерите на централната власт се користат со национални митови и националистички наративи, па дури и со вокабулар за геополитички збиднувања, како што се хибридните напади.

Понатаму, Костовски зборува за улогата на Алта банка – мала и сомнителна српска банка која најави целосно преземање на Стопанска банка Битола. Костовски неодамна прв ја отвори оваа тема со ексклузивна анализа за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Тој во разговорот анализира како оваа финансиска трансакција која, иако на прв поглед изгледа скромна, носи длабоки импликации за економската ориентација на земјата. Костовски дава одговор на прашањата дали ова значи постепено одвојување од западниот економски круг, односно – дали станува збор за обична деловна зделка или за политички и геополитички проект со цел долгорочна економска зависност од Србија.

Во третиот дел од разговорот, Костовски го анализира концептот на „руско-српскиот свет“ во Северна Македонија. Разговараме за тоа како преку културни, медиумски и економски механизми се одржува и шири овој наратив, и какви последици тоа има врз демократските процеси и евроатлантската иднина на земјата.

Овој разговор со Костовски е богат и критички осврт на преплетот меѓу локалното и глобалното, меѓу економијата и политиката, и меѓу домашните и надворешните фактори кои ја обликуваат иднината на Македонија.

Џабир Дерала

Камера, фотографија и монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ