• Latest

25 години на Првата детска амбасада „Меѓаши“

April 24, 2017

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

25 години на Првата детска амбасада „Меѓаши“

April 24, 2017 12:22
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Завршуваше првиот изборен круг, кога откривме неколку влијателни и сѐ уште активни министри со политичка злоупотреба на деца за партиски цели,тогаш интервениравме во медиумите. Во понеделникот во 8.30 часот дојде УЈП на врата, си ја плативме слободата со 4.000 евра. Нѐ санкционираа бидејќи не сме платиле персонален данок за обука за деца. Си ги плативме ‘даночните гревови’“, рече Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада „Меѓаши“, на денешната прес-конференција, посочувајќи на еден сегмент во општеството во кој се загрозени правата и слободите на децата, но и на санкциите што ги трпи организацијата поради решителната битка за заштита на правата на децата.

Во текот на 25-годишното успешно функционирање, не може да се заобиколат придонесот на „Меѓаши“ во борбата против педофилијата и заложбите што резултираа со промена на законската регулатива, со зголемени санкции за извршителите на овие кривични дела.

„Првата детска амбасада има чудна коинциденција. Од почетокот до денес, одговара на сите воени кризи, што директно или индиректно ја погодуваат Македонија и децата во Македонија. Значи, откако се формиравме и организиравме со воздушни и копнени конвои, за поддршка на децата погодени од војната во Босна и Херцеговина, па преку косовската криза, преку конфликтот во Македонија во 2001 година, кога отворивме прифатилиште за деца од внатрешно-раселени лица, до денес, кога работиме за помош и поддршка на децата од Сирија, во бегалската криза. Она што е најбитно за нас е дека сме бескомпромисни борци за заштита на децата и на нивните права и за спречување на злоупотребата и насилството врз нив“, акцентираше Змијанац.

Според почесниот амбасадор на Првата детска амбасада, Коле Ангеловски, „Меѓаши“ го промовираше и Детскиот омбудсман, а оствари соработка и со меѓународни невладини организации.

„Горд сум како амбасадор, зашто ‘Меѓаши’ се здоби со голема доверба од граѓаните во акциите што ги иницира, каков што е случајот со борбата против педофилијата. ‘Меѓаши’ е видлива невладина организација која што го држи високото петто место, а тоа се должи на успехот на реализираните проекти, но и довербата и поддршката од граѓаните“, заклучи Ангеловски.

Во чест на јубилејот, неделава ќе се одржат бројни активности на Првата детска амбасада.

Текст и фото: Моника Талеска

Tags: детски праваДраги ЗмијанацјубилејКоле АнгеловскиМеѓашипедофилијаполитичка злоупотреба на децапочесен амбасадорПрва детска амбасада
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ