• Latest

24 ЧАСА: „Онкологија“- смрт за пациентите, условна слобода за виновниците; Газа претставува катастрофален неуспех на човештвото; Приведени 74 лица во Молдавија за изборен заговор поддржан од Русија 

September 23, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: „Онкологија“- смрт за пациентите, условна слобода за виновниците; Газа претставува катастрофален неуспех на човештвото; Приведени 74 лица во Молдавија за изборен заговор поддржан од Русија 

September 23, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ 

„Онкологија“: Смрт за пациентите, условна слобода за виновниците – лицето на македонското судство 

Две години условна казна за онкологот Мери Пешевска – ова е епилогот на скандалот „Онкологија“. Животи скратени, пациенти лекувани со физиолошки раствор наместо терапија, буџет оштетен за над 2,2 милијарди денари – а судството реши: виновните ќе останат слободни, се додека во следните пет години не направат ново дело. 

Дали со оваа пресуда судството им порача на граѓаните дека смртта на десетици пациенти е без тежина, а милијардите можат да се испарат без последици. Жртвите повторно се понижени, а довербата во правдата е симната на нула. 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Калас: Ситуацијата во Газа претставува катастрофален неуспех на човештвото 

Сите европски земји го поддржуваат решението за две држави. Значи, за да имаме две рамноправни држави, преземени се чекори од некои земји членки во врска со признавањето, со цел да се испрати јасен сигнал дека европските земји ги поддржуваат и Палестинците во овој конфликт, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. 

Според неа, министрите биле јасни во своите ставови дека решението за две држави е најдобрата шанса за траен мир на Блискиот Исток, бидејќи поддршката на овој модел значи дека всушност постојат и Израел и Палестина. 

– Тоа значи безбеден и сигурен Израел и одржлива палестинска држава, додаде Калас. 

Таа истакна дека актуелната ситуацијата во Газа претставува „катастрофален неуспех на човештвото“ и ја повика израелската Влада веднаш да ги отстрани сите хуманитарни ограничувања. 

– Јасно е дека Хамас мора да го положи оружјето и да ги ослободи сите заложници, но и проширувањето на доселеничките населбите и анексијата на територии се некомпатибилни со мирот. Во Европската Унија се обидуваме да го насочиме фокусот кон помагање на луѓето на терен и вистинско подобрување на хуманитарната ситуација. Ние сме најголемиот донатор на хуманитарна помош и силен поддржувач на Палестинската самоуправа, рече Калас. 

РЕГИОН 

Семејствата на жртвите од „Рибникар“ бараат намалување на старосната граница за кривична одговорност – од 14 на 12-годишна возраст 

Семејствата на убиените деца и домарот Драган Влаховиќ во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград денеска објавија дека ќе поднесат иницијатива до Министерството за правда за ревидирање и намалување на старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години, преку измени на Кривичниот законик и Законот за малолетни сторители на кривични дела и кривична заштита. 

 СВЕТ 

Приведени 74 лица во Молдавија за изборен заговор поддржан од Русија 

Властите во Молдавија приведоа 74 лица обвинети за заговор за поттикнување немири за време на парламентарните избори во земјата на 28 септември, објави локалниот медиум NewsMaker на 22 септември, пренесува Кијив Индипендент. 

Осомничените се обвинети за соработка со руските разузнавачки служби за организирање масовни немири за време на изборниот период. Според полициското соопштение, групата се обидела „да создаде хаос и да ја поткопа довербата во изборниот процес во Република Молдавија“. 

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Практиките на партизација почнаа масовно да се вкоренуваат во времето на владеењето на Никола Груевски, кога јавната администрација стана најсигурното засолниште за партиските војници. Со вработувања по партиски клуч, јавните институции се претворија во кадровски резервоари за наградување на лојалност, наместо во професионален сервис за граѓаните. Оваа шема не згасна со промената на власта – напротив, продолжи да живее и да се прилагодува на новите политички елити.“, пишува Дијана Тахири во блиц-коментарот „ Крај на партизацијата во јавната администрација – кабаре што го гледаме три децении“. 

Подготви: Д. Тахири 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ