• Latest

24 ЧАСА: Лукоил и МНР молчат за ставање на црна листа на руската нафтена компанија; уставни измени до февруари и старт на преговорите со ЕУ, најави Филипче; Саркози доби пет години затвор за корупција

September 25, 2025

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Лукоил и МНР молчат за ставање на црна листа на руската нафтена компанија; уставни измени до февруари и старт на преговорите со ЕУ, најави Филипче; Саркози доби пет години затвор за корупција

September 25, 2025 17:16
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ прашува – Лукоил и МНР веќе 17 дена молчат

Американскиот претседател Доналд Трамп сé повеќе ја притиска ЕУ да се откаже од купување руска нафта и гас. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен,  на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк изјави дека Трамп е во право и дека тие работат на тоа Европа да престане да купува нафта од Русија до крајот на годината.

ЦИВИЛ Медиа претходно објави дека Германија и Франција предлагаат ЕУ да ја стави на црната листа приватната руска нафтена компанија Лукоил и нејзината трговска подружница Литаско, која пак е сопственик на Лукоил Македонија ДОО, кој располага со ланец бензински пумпи во Северна Македонија.

Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, сметајќи дека ова прашање е од голема важност за социјално-економскте движења во земјата, на 9 септември преку електронска пошта се обрати до Лукоил Македонија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР НТ) на Северна Македонија со истото прашање. 17 дена подоцна, до редакцијата сé уште нема пристигнато одговори на поставеното прашање од ниту еден од субјектите до кои се обративме.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Република Северна Македонија треба да има проактивен пристап за продолжување на преговорите со Европската Унија бидејќи тоа е во наш интерес и во интерес на нашите граѓани. Натамошното чекање не ги подобрува нашите позиции и затоа е потребен итен ангажман на ниво на ЕУ за натамошните чекори во процесот и на ниво на координација за исполнување на обврските од Преговарачката рамка, кај нас, дома. Владата и Собранието целосно да се посветат на спроведувањето на реформската агенда, со максимален фокус на забрзување на реформите, за што се препорачува ресорните министри на квартално ниво да известуваат пред Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања за динамиката на носење на законите од соодветните ресори, согласно реформската агенда“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ, претставувајќи ја Предлог-резолуција за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија. 

РЕГИОН

Вучиќ во ОН изјави дека Косово е „неразделен дел од Србија“ и дека се води „лажна кампања“ против Србија и Република Српска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на 24 септември изјави дека Косово е неразделен дел од Србија и дека се води „лажна кампања“ против Србија и Босна и Херцеговина, ентитетот Република Српска. Во обраќањето Вучиќ рече дека Косово е „главен столб на идентитетот, културата и духовното наследство“ на Србија.

СВЕТ

Саркози доби петгодишна затворска казна по судењето во Либија за корупциски договор со Гадафи

Пресудата и изрекувањето на пресудата следеа по судењето во кое тој и неговите помошници беа обвинети за склучување корупциски договор со режимот на покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи за да добијат финансирање за кампањата за претседателските избори во Франција во 2007 година, пишува Гардијан.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој е одговорен за натрупувањето на ѓубрето во Скопје?

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Руската пропаганда измислува лажни LEGO комплети пред изборите во Молдавија и за дискредитирање на украинската војска

Руските пропагандисти шират дезинформации и лажни слики пред изборите во Молдавија и во обид да ги дискредитираат украинските вооружени сили.

Ова е лажно. Таков LEGO модел не постои. Максим Митјакин не создал таков проект – ниту во соработка со LEGO ниту со United24. Ниту еден украински медиум не објавил за таква иницијатива; само руските канали на Telegram го сториле тоа.

ДУПЛО ЕСПРЕСО

Од Палестина до Кијив: Уште еден долг ден во глобалниот хаос

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ