• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српски дронови над територијата на Косово; Бериша бара оставка од Рама поради објавени снимки за средба со трговци со дрога

September 26, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српски дронови над територијата на Косово; Бериша бара оставка од Рама поради објавени снимки за средба со трговци со дрога

September 26, 2025 15:29
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот директор на косовската полиција, Газменд Хоџа, изјави дека неодамна имало случаи на летови на беспилотни летала во северниот дел од земјата, за кои се сомнева дека доаѓаат од територијата на Србија, објавија косовските медиуми.

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, на прес-конференција изјави дека доколку премиерот Еди Рама не поднесе оставка по објавувањето на снимките од страна на италијанската антимафија, Демократската партија ќе поднесе тужба до СПАК, а ќе ја разгледа и можноста за тужба пред меѓународен суд.

Истражувачкиот новинар Нело Трокија, автор на книгата „Албанската мафија на непобедливите“, во ексклузивно интервју на 25 септември, за новинарката Алба Кепи, на Сури ТВ, изнесе детали од состанокот меѓу претставници на владата на Рама и трговци со дрога предводени од Артур Шеху, пишуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

ТВ 21: Косовските власти велат дека беспилотни летала од Србија летале над  косовска територија

Генералниот директор на косовската полиција, Газменд Хоџа, изјави дека неодамна имало случаи на летови на беспилотни летала во северниот дел од земјата, за кои се сомнева дека доаѓаат од територијата на Србија.

Тој нагласи дека полицијата е во постојан контакт со КФОР и ја следи ситуацијата, пренесе ТВ 21.

Ора инфо: Косовската полиција уништи нелегално оружје, конфискувани над 36.000 парчиња од 1999 година

Косовската полиција организираше церемонија на уништување на нелегално мало и лесно оружје во селото Прелез, на автопатот Приштина-Феризај.

Генералниот директор на косовската полиција, Газменд Хоџа, изјави дека од 1999 година се конфискувани над 36 илјади парчиња оружје, додека објави дека од 2005 година се уништени 15 илјади 904 парчиња кратко и долго оружје, како и илјадници муниција.

„Тоа е континуиран процес со цел создавање поголема безбедност за нашите граѓани. Нелегалното оружје е опасност за нашето општество, тоа е опасност за нашите семејства, нашите деца. Тоа не создава безбедност, туку создава поголема несигурност. Во текот на сите овие години имавме доста случаи каде што нелегално оружје е употребено во кривични дела и многу животи се изгубени поради употреба на нелегално оружје.“, објави Ора инфо.

АЛБАНИЈА

Сури- Од глисер,  на островот Аруба: Италијански новинар го открива бизнисменот од Валона близок до Рама

Истражувачкиот новинар Нело Трокија, автор на книгата „Албанската мафија на непобедливите“, во ексклузивно интервју на 25 септември, за новинарката Алба Кепи, на Сури ТВ, изнесе детали од состанокот меѓу претставници на владата на Рама и трговци со дрога предводени од Артур Шеху.

Средбата се одржала во 2019 година на островот Аруба, место наречено Андиле Романдеси, а темата била проектот за перење пари од трговијата со дрога што е во изградба во Тирана. Според италијанскиот новинар, министри од владата на Рама биле на состанокот и дека за ова имало прислушување. Новинарот Трокија изјавил дека Никола Гратерија ја смета изјавата на Бериша за враќање на Албанија во наркодржава за точна, па дури и вели дека е повеќе од тоа, објави Сури.

Панорама – Бериша: Доколку Рама не поднесе оставка, ќе поднесеме тужба до СПАК и ќе ја разгледаме можноста за поднесување тужба пред меѓународен суд

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, на прес-конференција изјави дека доколку премиерот Еди Рама не поднесе оставка по објавувањето на снимките од страна на италијанската антимафија, Демократската партија ќе поднесе тужба до СПАК, а ќе ја разгледа и можноста за тужба пред меѓународен суд.

Бериша нагласи дека шпекулираната средба е веќе докажана и документирана, сметајќи ја за прашање од големо значење за транспарентноста кон албанските граѓани, регионот и Европа. Тој им се заблагодари на новинарите и на италијанските власти за објавувањето на материјалите, што, според него, повеќе не може да се негира, пренесе Панорама.

КОЛУМНА

Коха: „Предизвиците на северниот сосед“

„Една од лекциите научени од падовите на автократиите е дека тие паѓаат не поради масовноста на незадоволството на граѓаните, туку поради неединството на елитата на режимот и губењето на довербата во автократскиот лидер.

Милошевиќ не падна како резултат на граѓанските протести, туку затоа што српската елита сфати дека Милошевиќ е потрошена карта. Следствено, она што ја чека Србија не е револуција, каде што сегашниот режим одеднаш ќе ја изгуби контролата врз власта, туку политичка еволуција, каде што елитите ќе сфатат дека Вучиќ е потрошена карта и следствено ќе биде заменет со нова, но слична фигура.“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Предизвиците на северниот сосед“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ