• Latest

Да живее референдумска Македонија!

April 27, 2017

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Да живее референдумска Македонија!

April 27, 2017 11:24
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Вистинскиот подвиг на граѓанките и граѓаните на Гевгелија на минатонеделниот референдум, драги сограѓанки и сограѓани, е токму фактот што иницијативата успеа да ги обедини граѓаните, политичарите и локалната бизнис-заедница, наоѓајќи го заедничкиот интерес преку партиско-политичките ѕидови. А, победата за граѓаните на Македонија се состои во тоа што преку референдумот во Гевгелија го добивме толку посакуваниот сигнал, дека е возможно да победиме!

Пишува: Петрит Сарачини

Возможно е да се дејствува и против арбитрарните одлуки на една авторитарна власт, која, кога е нејзиниот интерес во прашање, не прашува за животот и здравјето на луѓето, дури и на оние кои би дале живот и здравје за таа политичка опција и за нејзините лидери.

Затоа, најави за референдуми против отворање на рудници кои може да имаат сериозни последици за животната средина, се најавуваат насекаде низ Македонија. А иницијативите нема да застанат само тука. Еве, на пример, десетици илјади граѓани потпишуваат петиција за поддршка на децата со посебни потреби. Иницијативи никнуваат и ќе никнуваат уште повеќе. Како што изгледа, суверените, вистинските „газди“ на Република Македонија се будат, секаде! Македонија се буди!

Затоа, нека знаат оние, што во моментов, преку самовластие, преку де факто државен удар и институционалното насилство, го спречуваат остварувањето на волјата на суверените на Републиката, изразена на минатите избори: Рудниците нема да ви поминат, затоа што ќе има референдуми против нив, секаде во Македонија! Каков ќе биде резултатот, видовте во Гевгелија!

Криминалот нема да ви помине, оти, ако треба, ќе направиме референдум за неограничен мандат и проширени овластувања на СЈО! Каков ќе биде резултатот, ви покажуваат во континуитет сите анкети, па дури и вашите, каде што поддршката за СЈО, а против вашиот монументален криминал, секогаш ја надминува комотно бројката од 60% од граѓаните!

Тефтер-судството нема да ви помине, затоа што ќе ви направиме референдум за Специјален суд! Можете да замислите, особено за тоа прашање, каков ќе биде резултатот, како ќе гласаат луѓето, кои добро знаат како е да се влечкаш со години по судските лавиринти, а да не ја најдеш правдата.

Ниту насилството и повиците на војна не ви поминуваат! Едвај собирате луѓе со вашите бајати лаги на улиците. Наспроти оние што мораат да бидат со вас, сè е поголем бројот на оние кои со гнев гледаат на вашите лаги, циркуско однесување, одолговлекување на неизбежното и бегање од одговорноста, луѓе кои постојано прашуваат: Како да ве избркаме од нашите животи и џебови и, до кога ќе ве трпиме?

Вака или онака, деновите ви се броени! Сега може да преговарате, но само за услови на капитулација. И да изберете како ќе си одите: дали ќе ја ослободите побргу земјата и нејзините институции од вас, задржувајќи барем грам достоинство, покажувајќи минимум човечност и грижа, за иднината на вашата земја и народ што не ги извадивте од уста, или барем за вашите семејства, роднини, пријатели.

Или, ќе се одлучите да бурбатите до крај. Вашиот крај, се разбира.

Tags: Гевгелијаграѓанииницијативаинституционално насилствопотписиреферендумиСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ