Со седум гласа „за“ и осум гласа „воздржани“, Советот на Општина Валандово на денешната седница не ја прифати иницијативата за распишување на референдум за работа на рудникот „Казандол“, информираат од иницијативата „Спас на Валандово“.
Валандовските активисти за заштита на човековата средина ја покренаа иницијативата за референдум и во нивниот град, откако граѓаните во Гевгелија се побунија против изградбата на рудници за злато во нивната околина, по што гевгелискиот Совет распиша референдум кој беше успешен.
Незадоволните валандовчани сега најавуваат дека ќе ја продолжат борбата со собирање на потписи. Условот е да соберат потписи од минимум 20 отсто од вкупниот број на гласачи за да се распише референдумот.