• Latest

Сончогледи, гангстери и фашисти

May 2, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сончогледи, гангстери и фашисти

May 2, 2017 17:49
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Трајко В. може да закаже седница во гаража, со гангстерите и фашистите од редовите на неговата партија. Се разбира, до моментот кога здравите луѓе во таа партија ќе си ја вратат назад и него ќе го сместат на буниште, заедно со фирерчето и неговите зли потрчковци. Ако во меѓувреме не им се распадне партијата, онаа најбогатата во Европа.

Пишува: Џабир Дерала

Иванов нема што да бара заштита од Америка или од кој било друг. Таму каде што логично би требало да бара заштита, нема да ја добие. Гледајте ја Москва сега како ќе стивнува. Од молчалив фикус, тој се претвори во извор на зараза и насилство. Од причина за подбив, тој стана фигура достојна само за презир, симбол на морален распад.

Во армијата сончогледи, дали први ќе се свртат обвинителите и судиите?Или тоа ќе бидат гнидите и бацилите по медиумските империи што ги изгради криминалната клика? Или тоа ќе биде партиско-полициската номенклатура? Трката ќе биде безмилосна и гадна за гледање.

Професионалците, оние што држат до своето човечко достоинство и професионалното ниво, со години беа казнувани, деградирани и понижувани на работното место, само затоа што знаеја и сакаа да работат. Сега треба да истапат и да ја раскажат тревожната сторија за тоа како (не)живееше оваа наша земја.

Слободата допрва треба да ја освојуваме. Таа не се освојува со омраза и омаловажувања, со отровни дисквалификации, туку со аргументи и докази. Со ладни глави и подготвеност да се соочиме со сета грозотија на еден долготраен процес на бавно и подмолно цицање крв, за кој се водеше сметка да биде под радарот на меѓународните институции. Факт по факт, смирено и мудро, но и решително, со придржување кон законите и демократските стандарди – така треба да ја освојуваме слободата. Добро, со по некоја пцост кога веќе не може да издржи срцето.

Секоја секунда од погромот на Собранието за време на „црниот четврток“ е легитимирање на сето зло и криминал. Секој поединечен чекор направен таа ноќ ќе биде запаметен, но не смее да остане неказнет. Веќе кружи сторијата, со многу детали, за тоа како „учеството во толпа“ било, всушност, прецизно спроведуван план за убиство и предизвикување општо крвопролевање. Не им успеа.


Објавено во Плусинфо и во Слободен печат.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: IvanovАмерикаМоскваслободаСобраниесончогледиТрајко ВелјановскифашистификусЦрн Четврток
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result