• Latest
Фото: ВИ

24 ЧАСА: Без договор за минимална плата од 600 евра; ЕУ замрзна 130 милиони евра од ИПАРД 3; Руски генерал убиен во Москва

December 22, 2025
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Без договор за минимална плата од 600 евра; ЕУ замрзна 130 милиони евра од ИПАРД 3; Руски генерал убиен во Москва

December 22, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: ВИ

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Нема договор за минималната плата, Мицкоски вели – минималецот не се зголемува преку ноќ

Работодавачите, синдикатите и Владата на денешната седница на Економско-социјалниот совет не постигнаа договор за вонредно зголемување на минималната плата на 600 евра, барање на Сојузот на синдикати на Македонија. Наместо тоа, договорено е разговорите да продолжат, иако учесниците оценуваат дека усогласување е малку веројатно до редовното зголемување во март идната година.

Од ССМ порачаа дека ваквиот однос кон работниците може да резултира со протести.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека клучните економски и социјални прашања мора да се решаваат преку дијалог и партнерство, нагласувајќи дека Владата не е против раст на минималната плата, но дека тоа не смее да биде наметнато решение.

„Одржливо зголемување на платите не се постигнува преку ноќ, туку со силна и продуктивна економија“, порача Мицкоски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

СДСМ обвинува за корупција и суспензија на 130 милиони евра на ИПАРД 3, ВМРО-ДПМНЕ демантира: Има само привремен прекин на плаќањата

„Европската комисија ја суспендирала исплатата на средствата од ИПАРД 3 програмата поради сериозни сомнежи за корупција поврзани со власта на ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тежината на одлуката, владата веќе десет дена молчи“, обвини СДСМ.

„Средствата од ИПАРД III Програмата не се суспендирани од страна на Комисијата. Повеќе пати е потенцирано дека од страна на Европската Комисија е поздравена одлуката за привремен прекин на плаќањата“, демантираат од ВМРО-ДПМНЕ.

РЕГИОН

Рама најави укинување на забраната за ТикТок во Албанија

Премиерот Еди Рама објави дека платформата за социјално вмрежување ТикТок повторно ќе биде достапна во Албанија. Тој, во интервју за Политико, откри дека Владата постигнала партнерство со платформата и наскоро ќе ги претстави новите мерки за заштита на албанската јавност.

Владата на Албанија го забрани ТикТок пред една година, кога објави на платформата предизвикаа кавга помеѓу млади лица, при што беше убиено со нож 14-годишно момче.

СВЕТ

Рускиот генерал Сарваров убиен во експлозија во Москва, втор ваков случај за само 5 дена

Руски генерал Фанил Сарваров, е убиен во експлозија во Москва, соопштија официјални лица, пренесува Би-би-си.

Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Сарваров починал во понеделник наутро откако експлозивна направа поставена под автомобил детонирала. Сарваров бил началник на одделот за оперативна обука на вооружените сили, додаде комитетот. Се вели дека една од теориите што се истражува е вмешаноста на украинските разузнавачки служби. Украина не коментираше.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како влијае загадувањето и дали мерките за заштита функционираат?

ДЕМОКРАТИЈА

Ерикиело: Демократијата е под напад и однадвор и одвнатре во либералниот меѓународен поредок

Во своето обраќање на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, Емануеле Ерикиело, член на Управниот одбор на Centro Studi Internazionale, понуди критичка анализа на состојбата на демократијата и на либералниот меѓународен поредок. Тој истакна дека современите предизвици за демократијата повеќе не доаѓаат само од надворешни авторитарни сили, туку сè повеќе и одвнатре, од самите демократски системи. Осврнувајќи се на неодамнешните стратешки промени во САД и Европската Унија, Еричиело предупреди дека нормативните темели на либералниот меѓународен поредок – демократијата, човековите права и поредокот заснован на правила – постепено се ставаат во втор план, во корист на прагматизмот, безбедноста и конкуренцијата меѓу големите сили:

Цимбаленко: Руската војна против Украина не е само физичка – таа е и информативна

Руската агресија врз Украина не се води само на бојното поле, туку и во сферата на информациите, каде пропагандата создава паралелни реалности и го разорува демократското ткиво на општествата. На меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, Јевген Цимбаленко од Националниот универзитет во Кијив зборуваше за влијанието на руската пропаганда врз украинските заедници во Германија, особено меѓу бегалците, и за опасноста од затворање во информативни меури кои ја попречуваат интеграцијата и ја поткопуваат демократската свест:

СЛОБОДНА ЗОНА

„Некој ќе рече браво за двајцата (Неловски и Стоилковски), сé што кажаа е на место. Но, за жал (што би рекол Нелоски) овие изјави на двајцата не се од сега и не се упатени кон оваа, вмровска влада. Тие датираат од времето кога и двајцата, со сé цела партија, беа во опозиција. Тогаш им пречеа и загадениот воздух, и маглата, тогаш имаше геноцид врз граѓаните, тогаш бараа акција и решение на проблемот од Владата.

Сега, откако ги сместија задниците во удобните функционерски фотељи, веќе не им смрди, сега мириса на лаванда и „оушн бриз“- од озонерите и прочистувачите на воздух во канцелариите и службените автомобили.

Останува уште да нè убедуваат како Итар Пејо мариовците, дека тоа не е магла, туку волна, која народот може да ја преде, плете џемпери, ракавици, капи, шалови…, пишува Драган Мишев во колумната „ВМРО опозициско против ДПМНЕ владејачко – ветер и магла“.

Д. Муратов

Фото: ВИ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ