• Latest
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026 13:29
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, КОНФЛИКТИ, ТОП 5
Андриј Сибига

Андриј Сибига

Share on FacebookShare on Twitter

Официјален Кијив го алармира Израел за нелегалниот извоз на украинско жито, оценувајќи го како дел од воената стратегија на Русија и предупредува дека ваквата трговија не смее да биде дозволена.

Украина официјално го покрена прашањето за руски брод што превезува украдено украинско жито, а на кој му било дозволено да се закотви во израелско пристаниште. Темата била отворена во разговорот меѓу шефот на украинската дипломатија Андриј Сибига и неговиот израелски колега Гидеон Саар.

Сибига остро реагираше на случајот, нагласувајќи:

„Исто така, го привлеков вниманието на руски брод што превезува жито украдено од Украина, на кој му беше дозволено да се закотви во едно од израелските пристаништа. Нагласив дека нелегалниот извоз на украдени украински земјоделски производи е дел од пошироките воени напори на Русија. Таквата нелегална трговија со украдени производи не смее да биде дозволена.“

Овој став е во согласност со долгогодишните предупредувања од Украина дека рускиот агресор систематски ги експлоатира земјоделските ресурси од окупираните територии и ги пласира на меѓународните пазари преку т.н. „сенковита флота“.

Објавата на амбасадорката Лариса Дир ја потврдува координираната дипломатска линија на Кијив – јасно именување на ваквите активности како дел од руската воена и економска агресија, а не како изолиран трговски инцидент.

Шефот на МНР на Украина Андриј Сибига, за време на разговорот со Гидеон Саар, Израел, го покрена прашањето за престојот на брод на рф со украдена украинска агропродукција во пристаниште во Израел. рф систематски ги ограбува привремено окупираните територии, извезувајќи украинско жито преку „сенковита флота“, објави амбасадорката Дир на социјалните мрежи.

Шефот на МНР на🇺🇦 Андриј Сибига, за време на разговорот со Гидеон Саар🇮🇱, го покрена прашањето за престојот на брод на рф со украдена🇺🇦 агропродукција во пристаниште во Израел. рф систематски ги ограбува привремено окупираните територии, извезувајќи🇺🇦 жито преку „сенковита флота“ pic.twitter.com/aXIW7d0nuZ

— Larysa Dir (@dir_larysa) April 15, 2026

Кражбата на жито како инструмент на војната

Според украинските власти, извозот на жито од окупираните региони не е само економски криминал, туку дел од поширока стратегија на војување. Кијив смета дека целото жито од анектираните и окупираните територии претставува незаконски присвоен ресурс.

Украинската страна во разговорот со Израел дополнително потенцирала дека увозот или транзитот на вакви стоки е неприфатлив и претставува кршење на меѓународното право.

Украина очекува од своите меѓународни партнери да не дозволат нивните територии да се користат како канали за трговија со украдени добра. Во овој контекст, Кијив побара од израелските власти внимателно да го разгледаат случајот и да постапат во согласност со меѓународните обврски.

Случајот со бродот во израелско пристаниште повторно ја отвора темата за глобалните рути на нелегално извезено украинско жито, кои, според украински проценки, достигнуваат милиони тони од почетокот на целосната руска инвазија.

Џ. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ