• Latest

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026 11:02
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕВРОПА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 16 април 2026 година, рускиот агресор изврши масовен, повеќечасовен бран на напади со беспилотни летала и ракети низ Украина, при што загинаа најмалку 16 лица, а околу 100 се повредени. Украинските власти го опишаа нападот како најсмртоносен и најобемен воздушен удар во последните две недели, при што главни цели биле цивилни станбени објекти.

Нападите беа насочени кон повеќе градови, меѓу кои Кијив, Одеса, Харкив и Днипро, предизвикувајќи значителни разурнувања на цивилната инфраструктура.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави:

„Утрото добив извештај од командантот на Воздухопловните сили на Вооружените сили на Украина. Во текот на изминатиот ден, во вечерните часови и во текот на ноќта, беа лансирани речиси 700 руски дронови. Имаше и ракети – 19 балистички, како и крстосувачки ракети во текот на ноќта. Повеќето од балистичките ракети беа насочени кон Кијив. Соборени се 636 дронови и дел од ракетите. За жал, не сите. Имаше погодоци и оштетувања на обични станбени згради. Трагично, има загинати во Одеса, Кијив и Днипро. Меѓу убиените има и едно момче – имало 12 години. Моето сочувство до семејствата и најблиските. Во моментов, пријавени се 100 повредени како резултат на овој еден масовен руски напад.“

И покрај високата ефикасност на украинската противвоздушна одбрана, дел од ракетите и дроновите сепак ја погодија целта, оставајќи зад себе жртви и разурнати домови.

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, реагираше со силна порака:

„1513. рф изврши два брана масирани напади врз Украина со ракети од копнено и воздушно базирање и со ударни беспилотни летала. Има жртви во Кијив, Одеса, Харкив, Днипро..Варварите од рф гаѓаат станбени згради. Потребни се средства за противвоздушна одбрана и Специјалниот трибунал.“

1513. рф изврши два брана масирани напади врз Украина со ракети од копнено и воздушно базирање и со ударни беспилотни летала. Има жртви во Кијив, Одеса, Харкив, Днипро..Варварите од рф гаѓаат станбени згради. Потребни се средства за противвоздушна одбрана и Специјалниот трибунал. pic.twitter.com/R8kEnIrTdh

— Larysa Dir (@dir_larysa) April 16, 2026

Овој напад е меѓу најинтензивните во последниот период и претставува уште една ескалација на руската воена кампања, со јасен фокус врз цивилното население.

Украинските власти повторно апелираат до меѓународната заедница за итна поддршка, особено во системите за противвоздушна одбрана, како и за воспоставување Специјален трибунал за гонење на злосторството на агресија.

Нападите врз цивилни цели, вклучително и станбени згради, претставуваат сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право и дополнително ја нагласуваат бруталноста на руската агресија врз Украина.

Џ. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ