• Latest

Ременски: Експлозивната направа во Собранието е акт на тероризам!

May 16, 2017

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ременски: Експлозивната направа во Собранието е акт на тероризам!

May 16, 2017 12:33
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи, осумнаесет дена по насилствата во Собранието и пронаоѓањето на импровизирана експлозивна направа, сè уште не излегоа со официјален став и детали околу истрагата.

Ексминистерката Фросина Ташевска Ременски денеска ги обвини ОЈО и МВР дека сè до денес, не пројавиле адекватен интерес и активности за вистинската квалификација на чинот на поставување на експлозивна направа во Собранието, како објект од витално значење, што според неа, е доказ плус дека станува збор за акт на тероризам. „Несериозноста оди до таму што ОЈО по смешната квалификација на насилствата како ‘учество во толпа’ во витален објект, може да каже дека, толпата ја внела ‘импровизираната експлозивна направа’“, смета Ременски.

Таа потсетува и дека поставувањето на експлозивот е регистирано од безбедносните камери во Собранието, и дека, според објавените снимки во медиумите, се работи за вработен во истото. Но, единствен став што досега излезе од Министерството за внатрешни работи е дека „експлозивната направа“ е предадена за натамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.

ЦИВИЛ Медиа се обрати до МВР со прашање за тоа до каде е постапката, но до објавувањето на овој текст не добивме никаков одговор. Телефонските  броеви на Основното јавно обвинителство не се во функција, па нашите прашања ќе ги испратиме по пошта.

Ременски, исто така, потсетува на 31 јануари 2017, кога по анонимна пријава за поставена бомба во Собранието, Одделот за антитероризам и деминирање при УБК, извршил проверки во внатрешноста и надворешноста на зградата на Собранието, а МВР по проверките, соопштило дека не е пронајдена никаква експлозивна направа.

„Да се присетиме дека, во 2007 и 2014 година, гранатирањето на објектот на Владата на Република Македонија, исто така, објект од витално значење, беше оквалификувано како терористички напад“, вели Ременски.

Tags: „учество во толпа“Bombaбавна истрагавитални објектиМВРнесериозностОЈОРеменскитероризамУБК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ