• Latest

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026 14:56
in МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Никица Корубин

„Сонот“ на македонската (партократска) елита, низ годините за „чисто“ македонска доминација во политиката, со делумно или целосно, фактичко и метафоричко „де-албанизирање“ на албанските политички елити; доби совршена визуелна илустрација како смислена пропагандна алатка во симбиозата на македонскиот и косовскиот премиер на основачкиот конгрес на ВЛЕН.

Можеме да го третираме и како симболично „предавање на моќта“ или „власта“ врз Албанците во Северна Македонија – а со тоа и врз политичката функционалност севкупно; имајќи го предвид феноменот на косовскиот премиер Албин Курти и респектот што тој го ужива. И, веројатно потажно од фактот дека автентични и автохтони албански политички партии од Македонија, ја црпат моќта (и легитимитетот) од Албин Курти; е деградирањето на Албанците во Македонија од страна на, во случајов, косовскиот Албанец Албин Курти.

Динамиката и влијанијата на Албанците од Албанија и Албанците од Косово, кон Албанците од Северна Македонија; секогаш била жива, иако најчесто пасивната страна биле Албанците кај нас; меѓу другото токму поради проблемот со ригидниот албанофобски став на самите Македонци (македонски елити) кои – до ден денес – не се откажале од идејата за нивна маргинализација.

Но, никогаш тие влијанија не биле анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-европски и анти-западни. А, најмалку анти-македонски. Никогаш не влијаеле врз патот на македонското општество во евроинтегративниот процес, а со тоа и врз животот и судбината на самите граѓани.

Парадоксално, дали може да се заклучи, дека ние всушност изминативе две години гледаме како во пракса изгледа желбата „Македонците да владеат со Македонија“ сами без Албанците? Преку моделот на деградирани, дисциплинирани и потчинети албански партиско/политички „елити“ и со активно суспендирање на Охридскиот рамковен договор? Со клучната поддршка на само(зло)употреба на сопствениот авторитетот на Албин Курти?

За неговиот пат од „проблематичен“ до „подобен“ доволно е да се следи наративот на (медиумската) јавност во изминативе неколку години – од негова сатанизација за банални посети до глорификација за сериозно инволвирање и влијанија.

И во оваа врвна иронија, каде што „македонските (политички) елити“ и за да ги „совладаат“ Албанците не можат без Албанците; сепак има „еден грам“ логика и рационалност – или наравоучение во целата оваа „накарадна“ басна – никој не сака да биде потчинет, а најмалку потценет. Затоа што само тоа го донесе оваа неколкугодишна политичка фарса, преку (зло)употреба на емоциите и очекувањата. Подеднакво и на Македонците и на Албанците, како граѓани, а тоа е нормален и функционален живот, активно блокиран преку (само)стопирање на евроинтергативниот процес.

И како секој добар оксиморон или буквално „остроумна глупост“ – „мракот не може да биде светол“, а „фантазијата реалност“ – па, така ниту овој „поредок“ на субординација и потчинување не може да биде ништо друго освен противречност. Која во својата основа е конфликтна, затоа што е вештачка и не може да води кон хармонија и релаксирање на функционалноста на општеството. Кое што всушност е и крајната цел на нашето членство во ЕУ.

И бидејќи во „секое лошо има нешто добро“, во овој случај во „лошиот мит“ (Македонците подобро, сами без Албанците, можат да управуваат со државата), „доброто“ е неговото разобличување? И за „квалитетот“ на Македонците и за „опасноста“ од Албанците. И тоа се случува секогаш со сите вештачки и наметнати конструкти, како што е и овој.

А, особено преку психологијата на „инфериорна супериорност“ – каде што првично инфериорните (македонските елити) се обидуваат да демонстрираат супериорност врз „другите“ (албанските политички елити, граѓаните, Македонците, Албанците).

И затоа, за да излеземе од апсурдот до кој се доведовме (или нѐ доведоа); фактичкото и целосно почитување на уставот и меѓународните договори е едноставното решение. Кое што систематски се избегнува. И самиот чин дека сме стигнале до ваков устав и вакви меѓународни договори, и покрај сите опструкции, говори за зрелоста на граѓаните и нивната недвосмислена желба за рационален и нормален живот преку зачленувањето во ЕУ.

Само умните и доблесните ја следат желбата на граѓаните, преку почит и чесен однос, кои се тие што бираат во демократијата. А, само искрените го негуваат и штитат демократското општество преку уставот, правниот поредок и преземените обврски. Како обврска, а не желба и перцепција. Луѓето имаат право да одлучуваат што ќе бидат во приватниот живот, ама избраните и именуваните функционери, имаат само обврска. А, таа е совршено јасна и никако не е „логично погрешна“.

 


Текстот е личен став на авторката.


Извор: Нова


Поддршка за ЦИВИЛ

Tags: Албин КуртиВЛЕНдеалбанизацијамеѓуетнички односиХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ