• Latest

Иванов ги расипува односите на Македонија со Германија!

May 18, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Иванов ги расипува односите на Македонија со Германија!

May 18, 2017 12:20
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Колку повеќе непријатели, толку поголема е честа“, е одговорот на германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер, откако синоќа, претседателот Ѓорге Иванов ја обвини дека пренесува лажни информации!? Германското МНР излезе со став дека обвинувањата на Иванов се – неумесни!

Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорка на Германија

„Германија е добар пријател на Македонија. Лично, имам добра соработка и со претседателот и со сите политичари во земјава. Мојата овдешна работа е високо почитувана во мојата родна Германија и од министерот за надворешни работи, и од канцеларката и јас сум во секојдневен контакт со властите во мојата земја“, појасни Алтхаузер.

Со реакција по обвинувањата на Иванов, се јави и германското Министерство за надворешни работи. Оттаму велат: „Се радуваме што претседателот Иванов, по долго размислување, дојде до вистинска одлука и се откажа од ставот на блокирање. Обвинувањата упатени кон германски дипломати и други пријателски држави се неумесни. Како што е познато, проценките кои ѝ се пренесуваат на земјата-домаќин, секогаш се договараат во тесна координација меѓу Министерството за надворешни работи и Амбасадата“.

Синоќа во разговор за ТВ Нова, Иванов изјави: „Такво соопштение да даде германското МНР, кажува дека нивниот амбасадор тука се служи со лажни вести. И не е првпат. И за бегалската криза имавме иста ситуација, па канцеларката Меркел мораше јавно да се извинува во Брисел. Како порано да се даде мандатот? Да го кршам Уставот?“.

Недипломатските обвинувања на Иванов доаѓаат по соопштението на германското МНР дека „е добро што претседателот Иванов попушти и престана да го блокира формирањето на новата влада, но оваа одлука требаше одамна да се случи, и конечно го рефлектира исходот од изборите во декември 2016 во земјата“.

М.Т.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГерманијаЃорге ИвановКристине АлтхаузеробвинувањеУстав
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result