• Latest

Правда и правичност

May 19, 2017
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Правда и правичност

May 19, 2017 14:04
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Судството го допре дното, а народот сиромаштијата. Среќавам луѓе кои уморно чекорат, лицето им ја оддава тагата, а од нивните очи очекувам да потечат солзи. Во нашата држава, илјадници луѓе завршуваат во затвор, или пред извршител. Затворите се преполни со неистомисленици на власта… И со лица без вина, лица наместени за не-сторени кривични дела, лица кои ѝ пречат на власта, сè со цел да им се растурат семејствата и бизнисите, тие да се деградираат… Факт е дека има и виновни лица во казнено-поправните установи, но, дел од нив, можеле да поминат и со пониски казни, од категоријата на полесни кривични дела, а ја добиле максималната казна, без да се земе предвид нивната здравствена состојба или семејна положба, на пример.

Пишува: Мери Николова

Народот во Македонија, па дури и Европа и САД, дознаа за „БОМБАстичната Македонија“, за тоа какви личности ни ја водеа државата, премиер, министри, директори… Слушнавме во тие „бомби“, на што сè беа подготвени „патриотите“, како граѓаните беа прислушувани  24/7… Точно знаеја кога да упаднат со по 100 специјалци во вашите домови, и да ве спроведат во Шутка. Прецизни, добро организирани и веднаш подготвени за пресметка со личностите кои претставуваат пречка за нивните бизниси…

До кое дереџе дојде Македонија! Сиромаштијата е во пораст, болестите ја допираат смртта, а власта се капе во чоколадо, носи чипкани гаќички од 500 евра, очила од 2.000 евра, се возат најскапи автомобили, се празнат банки како на филм и слободно се испраќаат парите преку граница… А луксузниот „барок“, за некоја година ќе дојде во фаза на распаѓање…

Како кога одиш на стоматолог и тој ти отвара на прв поглед здрав заб, и однатре почнува да смрди, оти е расипан. Како нашата мила држава, која е преубава и нашминкана, кога ќе се чепне под површината, однатре е шуплива. И пред распаѓање!

Откако почнав да ги анализирам нашите казнено-поправни домови и да контактирам со семејствата на лица, осудени од досегашната власт, се соживеав со нивните проблеми, неправдите и измачувањата, и тоа ми создаде чувство на длабока огорченост. Тешко е и кога си само слушател на нивните маки, и се трудиш  да пронајдеш начин како да им помогнеш, зашто од оваа категорија луѓе сите бегаат, а власта нема слух за нив. Токму неправдата кон нив ме направи силна, упорна и директна. И по овие две-три години, сè уште не се откажувам. Зашто, вистина е дека оној кој прави добрини, најмногу се радува и со секој проблем лесно се носи.

Ми останува сонот дека утре ќе биде подобро. Долг и тежок беше патот во борбата за уривање на овој криминален режим. Јас не сум од редот на коњите за парада, туку сум од редот на добрите тркачи… Не чекам никого да се согласи со мене, никому не сум должна, и затоа ќе се борам со силата и аргументите и пред идната власт. Повторно ќе ја барам долго очекуваната амнестија, која осудениците ја заслужуваат, бидејќи тоа се случува низ светот, па зошто не, и кај нас. Кога искрено се бориш, еден ден ќе победиш и ќе го оствариш барањето на многу тажни дечиња кои тешко ги поднесуваат робијашките денови на своите родители. Се обидувам да ја опишам судбината на многу дечиња кои чекаат со раширени раце, да ја почувствуваат топлината на родителот за добра ноќ.

Ќе наведам само еден пример за нечовечноста кај дел од судската фела.

Во КПД Куманово, се држи лице со интелектуална попреченост и со оштетен вид на едното око – слепило, кое како лице со пречки во физичкиот и психичкиот развој, имало тешкотии во социјалната интеграција. Болеста на лицето А.Т. е дијагностицирана од разни доктори со неколку потврди, а неговата намалена функционалност го прави неспособен и да го стори дело за кое го товари државата. Осуден е на една година затвор поради долг кон ЕВН од вкупна сума 8.000 денари и за тоа што, откако долго живеел во мрак, негови блиски соседи се сожалиле и „на диво“ му ја приклучиле струјата. За време на судењето, како лице со попреченост, се бранел со молчење… Веќе неполн месец е на издржување казна затвор, наместо да се смести во установа каде државата би му дала медицинска помош и социјализација. Неговите родители умираат. Порано земале парична помош од државата – за нега на трето лице, а потоа и постојана парична помош, но таа не стигнувала ни за лекови. Неретко, и чуварите во затворот му се потсмеваат и му дофрлуваат дека „не е за тука“, дека треба да се лечи…

Не можам да сфатам, како можеле судиите – за такво дело – да ја испратат оваа личност во затвор? Наместо да ѝ се овозможи медицинска заштита? Го наведов само „најлесниот“ пример, како доказ дека треба да се разгледаат дел од пресудите. А за бројните други случаи, ми зборуваат жедните за правда, слобода и демократија…

 

(Авторката е активист за човекови права на осудените лица)

Tags: амнестијабомбидемократијазатворзатворилице со попреченостмедицинска заштитапатриотиправдапресудислободасудии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ