• Latest

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026 11:51
in АКЦЕНТ, АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во својата анализа „Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари“, Љубомир Костовски го разобличува политичкиот парадокс околу Ратко Младиќ – од почитување на хашката пресуда до негово повторно претворање во национален симбол. Случајот Младиќ, според Костовски, е огледало на балканската политичка дволичност и на неспремноста да се соочиме со злосторствата од минатото.

ПОСЛЕ ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА

На 24 јули 1995 година, Ратко Младиќ беше обвинет за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите или обичаите на војување пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија. На 8 ноември 1996 година, со декрет на претседателката на Република Српска, Билјана Плавшиќ, беше разрешен од функцијата командант на Главниот штаб на ВРС. Инаку, таа и самата беше осудена од истиот суд, а лежеше во затвор по сопствен избор.

Професионалната воена служба на Младиќ формално заврши на 28 февруари 2002 година (!), врз основа на декретот донесен на 7 март истата година. Тој ја добиваше својата пензија до ноември 2005 година (!), кога му беше суспендирана исплатата. Неговиот имот беше замрзнат по стапувањето во сила на Законот за замрзнување на имотот на хашките бегалци, усвоен од Парламентот на Србија и Црна Гора на 7 април 2006 година. Дали ова не говори за намерната спорост на српските власти во соочувањето со крвавото минато на Младиќ?

Со пресудата се утврди дека Младиќ учествувал во четири заеднички злосторнички потфати: трајно отстранување на Бошњаците и Хрватите од територијата на Босна и Херцеговина што ја бара раководството на босанските Срби, тероризирање на цивилното население во Сараево со гранатирање и снајперски оган, елиминација на Бошњаците во Сребреница и земање членови на Обединетите нации како заложници со цел да се спречат воздушните напади на НАТО. Тој беше осуден за геноцид, прогон, истребување, убиство, депортација, присилно преместување, тероризам, незаконски напади врз цивили и земање заложници.

Колку беше за многумина легендарно неговото однесување како офицер, толку беше претворено во легенда криењето од лицето на правдата. Младиќ избегнувал апсење речиси 16 години! Колку само статии беа напишани во весниците на тема – каде е бегалецот Младиќ? Виден е во Романија, во Хан Пјесак, Белград, Бања Врујца, во близина на Ваљево, Панчево, Златибор, Цер, Повлен итн. Различни касарни и воени објекти, како и манастири во Овчарско-Кабларската клисура, биле споменувани како можни места за криење. Во меѓувреме, многу локации се идентификувани како потенцијални места за сокривање, а трагата на Младиќ официјално била изгубена кон крајот на 2005 година. Експертските анализи водат до заклучок дека Младиќ се криел во урбаните средини на Србија со двајца придружници и дека се движел брзо.

Факт е дека таа предолга потрага имаше одраз врз ставот на Западот кон Белград! На 3 мај 2006 година, Европската комисија ги прекина преговорите за стабилизација и асоцијација со (тогашна) СЦГ поради неуспехот да се уапси Младиќ и да се екстрадира во Хашкиот трибунал. Кон средината на јули, Владата на Република Србија го усвои Акцискиот план за соработка со Хашкиот трибунал, што подразбира координирана акција од сите надлежни органи за апсење на Младиќ.

ПРОТЕСТ НА ТОГАШНАТА ОПОЗИЦИЈА, А СЕГАШНА ВЛАСТ ВО БЕЛГРАД

Но, по апсењето многу политички организации и видни поединци јавно ја изразија својата поддршка за Младиќ. За време на преименувањето на булеварот АВНОЈ во булевар Зоран Ѓинѓиќ, членовите на екстремно десничарското младинско движење „1389“ поставија постери со натпис „Булевар Ратка Младиќа“. На една фотографија е и актуелниот српски претседател како ја бакнува таблата со името на Младиќ!

Самата таа фотографија јасно отсликува во каква каша во актуелниот момент се наоѓа претседателот на Србија. Од една страна сака да се покаже како лојален кон постоењето и пресудите на Меѓународниот суд за воени злосторства а од друга тешко се огрешува кон сопствената интима – фотографијата каде тој учествува во драматизирано постаување на „нов булевар“ на местото резервирано за името на убиениот Зоран Ѓинѓиќ кажува сè.

Впрочeм, една од точките на обвинението беа злосторите направени во опсадата на Сараево, а знаеме дека италијанското обвинителство отвори процес против учесниците во т.н. „сафари“ каде учесниците пукале во мирни граѓани во опколениот град. (Прочитајте и: „САРАЕВО САФАРИ: Мрачната туристичка индустрија на викенд-убијци на цивили во опсадениот град“, ЦИВИЛ МЕДИА, 6 февруари 2026.)

Името на Вучиќ беше споменато како дел од организацијата на таа форма на прибирање на пари во воениот буџет на Пале, а српскиот претседател призна дека само бил – преведувач! Истрагата и судењата во Милано сè уште траат, за што веќе пишуваше ЦИВИЛ.

Па и од формална страна гледано, Белград во првите изјави истакна дека Младиќ е осуден од Суд што Србија го респектира (впрочем има многу документи кои се издадени од официјалните органи), ама потоа, за ден-два дојде соопштение дека на Младиќ му се готви државен погреб со сите почести!

Каков етички карусел! Впрочем, за време на гостувањето на Вучиќ во Ужице во саботата, на 29 август, каде не беше пријателски дочекан (а испрати таму 200 автобуси како „народна поддршка“) неговите тепачки настроени преторијанци имаа униформи на чиј грб стоеше портретот на Младиќ.

Очекуваме ли дека некогаш на Балканот ќе има помирување, па дури и смирување на страстите ако постои дволичен однос кон темните, застрашувачки настани од последната деценија на минатиот век?

Тука секако има и актери од многу други етички средини кои дале придонес во таа „кланица“, но дволичноста кон ликот на починатиот Младиќ е еден додатен степен за новата осуда која пред сè западните земји секако ќе ѝ ја покажат на Србија во многу кус рок. И тоа секако ќе се случи во многу брзо време.


Прочитајте повеќе: 

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ