Денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ е: Какви резултати очекувате од посетата на премиерот Мицкоски на САД?
Прашањето предизвика лавина од коментари (во 18:30 часот имаше 197 коментари).
Во меѓувреме, беше објавен и редакцискиот коментар: „Дипломатија на лажичка: Јавноста заслужува повеќе од фотографии од Вашингтон“, како и видео со неколку дополнителни прашања во контекст на дипломатската инвазија на премиерот Мицкоски врз Соединетите Американски Држави.
Видеото е објавено и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ МЕДИА:
Споделувајќи го видеото, Џабир Дерала напиша:
„Дискусијата продолжува. ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да се вклучат во Прашањето на денот, да коментираат, да постават свои прашања и да побараат конкретни одговори. Јавноста има право да знае што навистина се случува во земјата и со земјата, какви резултати постигнуваат власта и институциите на локално и национално ниво, како ги исполнуваат своите обврски и ветувања, како и тоа дали имаат јасна претстава за државните приоритети. Фото албуми и нејасни пораки, едноставно, не му помагаат на обичниот човек да го помине денот.“
На крајот, прашањето не е дали посетата ќе биде претставена како успех, туку дали јавноста ќе добие јасен одговор: што е договорено, што е постигнато и што конкретно ќе добијат граѓанките и граѓаните од тоа.
Б. Ј.
Дипломатија на лажичка: Јавноста заслужува повеќе од фотографии од Вашингтон












