Во објава на својот личен профил на Фејсбук, Џабир Дерала ја доведува во прашање моралната одговорност на луѓето што продолжуваат да работат во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Повод за реакцијата се два инцидента од 20 октомври – изјавите на Трамп за руската агресија против Украина и неговиот вербален напад врз новинарот Ендрју Фајнберг од The Independent, за време на настан во Овалната соба на Белата куќа.
Зборувајќи за почетокот на руската инвазија, Трамп тврдеше дека руските сили можеле да стигнат до Кијив за само четири часа и дека „војната ќе завршела за еден ден“. Тој ја објаснуваше неуспешната офанзива со одлуката на еден руски генерал – кого го нарече „многу глупав“ – да ги пренасочи тенковите од асфалтираниот пат кон каллив терен.
На истиот настан, Трамп му се обрати на новинарот Фајнберг со зборовите:
„Не знам кој, по ѓаволите, си ти, но подобро внимавај“.
Подоцна го праша:
„Што не е во ред со тебе? Дали си болен човек?“, а потоа додаде: „Навистина мислам дека нешто не е во ред со тебе“.


Дерала на Фејсбук напиша:
„Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател. А ако веќе ја направил таа грешка, одамна ќе си заминел. Во одреден момент, останувањето веќе не е грешка. Тоа е избор.
Погледнете ги видеоснимките. Споделувам и видео со скандалозните изјави на Трамп за руската агресија против Украина, како и снимка од неговиот напад врз новинар.Прочитајте го и сведоштвото на новинарот на The Independent, Ендрју Фајнберг. Проценете сами.“
Д. М.
ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.
Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.
Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.
Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.












