• Latest

Синдикатите со Повелба против вицепремиер од бизнис заедницата!

May 24, 2017
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Синдикатите со Повелба против вицепремиер од бизнис заедницата!

May 24, 2017 12:05
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со отворено обраќање до мандатарот Зоран Заев, повеќе синдикални здруженија се изјаснија проитв поставување на вицепремиер од бизнис заедницата.

Како што стои во Повелбата за солидарност на синдикатите и сите пријатели на работниците во Македонија, најавите во јавноста за избор на вицепремиер од бизнис зедницата, може да ја остави Македонија во истата состојба со општествен систем во кој успеваат само моќните и богатите, а лошата состојба на работничките права, образованието, како и проблемот со корупцијата само да се продлабочат.

„Заради таквиот систем, во времето на Никола Груевски, Македонија стана рекордер во Европа по сиромаштија, социјална раслоеност и смртност на работници, а стапките на економски раст беа пониски отколку за времето на претходните две влади. Нужно е да сфатиме дека за да може Македонија конечно да тргне по вистинскиот пат на развојот, мора да има промена во економските политики, но не во насока на уште поголемо фаворизирање на бизнисот, туку во спротивна насока, во насока на градење на поинклузивно општество“, стои во Повелбата на синдикатите.

Синдикатите, потписници на Повелбата, укажуваат и на потребата од одделување на Владата од бизнис заедницата поради различните интереси што може да придонесе до меѓусебни спротивставувања.

„Владата и бизнис заедницата имаат различни интереси, кои понекогаш и се преклопуваат, ама во поголем дел од времето се спротивни едни на други. Заради тоа, Владата и бизнис заедницата се одвоени, исто како што се одвоени државата и црквата. Меѓу нив треба да постои соработка, ама таа соработка е на ниво на трипартитен дијалог, канализиран преку Економско-социјалниот совет, во кој, покрај Владата и бизнис секторот, се вклучени и синдикатите“,  се вели во Повелбата.

Потписници на Повелбата за солидарност во поддршка на оваа иницијатива се Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС), Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Левичарското движење – Солидарност, Движењето за социјална правда – Ленка, Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ) и Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО).

 

Tags: бизнис заедницавицепремиерГруевскиекономско-социјален советЗоран ЗаевПовелбаработнички правасиндикатисиромаштија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ