• Latest

И фармерите ги подржаа еколозите!

June 6, 2017

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

И фармерите ги подржаа еколозите!

June 6, 2017 11:24
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Федерацијата на фармери (ФФРМ) се приклучи кон пораките кои валандовчани веќе неколку месеци ги испраќаат во врска со отворањето на рудникот Казандол. „Внимателно да се размисли за отворањето рудник во Казандол, зашто подрачјето на Валандово, Богданци и Дојран има 13.681 хектар обработливо земјоделско земјиште“, порачуваат од ФФРМ.

ФФРМ ја поддржува иницијативата на граѓан(к)ите на Валандово, Богданци и  Дојран за организирање референдум по ова прашање.

„Да се размисли добро при самото одлучување, бидејќи со отворањето на овој рудник, ќе се направат негативни ефекти врз земјоделството, посебно врз органското производство и, доколку не се применат мерки за соодветна заштита, штетите ќе бидат големи посебно врз почвата“, предупредуваат од  Федерацијата.

Фармерите бараат во иднина кога ќе се организираат дебати и истражувања, да бидат консултирани и земјоделските здруженија, за навремено да го дадат своето мислење.

Во меѓувреме, откако со формирање на новата Влада е продолжен мандатот на локалната самоуправа, повторно се актуелизира темата за одржување на референдум во Валандово – за или против рудникот за бакар во Казандол. За оваа иницијатива валандовчани веќе собраа повеќе од 2.200 потписи, пред истекот на законски предвидениот рок. Советот на Општина Валандово на наредната седница ќе мора да го распише референдумот, поаѓајќи од исполнувањето на законскиот услов за негово одржување. Од граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ бараат да се распише референдум на кој граѓаните ќе може да се изјаснат не само за рудникот во Казандол, туку и за евентуалното идно отворање на други слични рудници на нејзината територија.

За разлика од Валандово каде советниците гласаа против организирање на референдум, жителите на Богданци наидоа на разбирање во својата Општина и на референдум ќе гласаат на 11 јуни, додека референдумот во Дојран ќе се одржи на 18 јуни.

Врз основа на законската регулатива, референдумите ќе се прогласат за успешни, доколку на гласање излезат најмалку половина од запишаните избирачи во овие општини.

М. Т. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Спас за Валандово“бакарБогданциВаландовоДојраниницијативаКазандолреферендумрудникФФРМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ