Поделени се мислењата на граѓан(к)ите и нивната доверба во досегашната, десетмесечна работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), според анкетата што денеска ја сними екипата на ЦИВИЛ Медиа на централниот плоштад во Скопје.
Дел од граѓан(к)ите веруваат дека СЈО ќе ја донесе правдата на виделина, но сметаат дека за тоа треба да се создадат и други услови во државата, зашто „СЈО е само алка во синџирот на правдата“.
Други анкетирани се сомневаат во работата на СЈО, зашто како што велат, според досегашните искуства, се поднесуваат обвиненија само против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Тие порачуваат правдата за да се бара за секого, без оглед на политичката провиниенција, значи законот во државата да важи и за кадрите на ДУИ, на СДСМ…, за сите.
Текст и монтажа: Моника Талеска
Камера: Дехран Муратов