• Latest

Неопходни се итни реформи во медиумската сфера

July 14, 2017

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неопходни се итни реформи во медиумската сфера

July 14, 2017 15:13
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Да прекинат притисоците, влијанието на политичките партии и власта врз медиумите. Да се обезбеди целосна независност, политичка и финансиска на јавниот радиодифузер, МРТВ, да се просефионализира регулаторното тело, Агенцијата за медиуми и да се извршат измени во законската регулатива што ќе обезбедат и рамноправна конкуренција на комерцијалните медиуми на медиумскиот пазар.

Ова се главно мерки за кои се залага новата Влада, а коишто се дел од приоритетите од Планот 3-6-9 за реформи и интеграција на Македонија во ЕУ, а се во согласност со Извештајот на Прибе и Договорот од Пржино. Клучните мерки и заложби, преку отворена дебата со инклузивност на медиумските работници, ќе се преточат во ново законско решение. Ова го ветија министрите Дамјан Манчевски и Роберт Поповски на денешната дебата „Реформи во медиумите“, што во организација на Министерството за информатичко општество и администрација се одржа во Клубот на пратеници.

„Слободните медиуми се дел од нашите заложби за одговорна власт и за контрола на власта. Во изминатиот период, известувањата за состојбите во државата беа нарушени, со оглед на големото финансирање од страна на државата со граѓански пари на комерцијалните телевизии. Сите меѓународни извештаи ја рангираат Македонија, како неслободна земја во делот на медиумите и за неколку години, Македонија падна од 34 на 118 место на листите за слободата на изразување. Ова е доволна мотивација за сите нас, да седнеме и да разговараме отворено за состојбите. Соочени со оваа состојба, Владата се залага за медиумски простор за непристрасно и објективно информирање на граѓаните. Наша цел е јавниот сервис да биде целосно непристрасен и независен медиум, а регулаторните тела да бидат транспарентни, професионални и компетентни“, рече министерот за информатичко општество и администрација Манчевски.

Тој посочи на заложбите на Владата за целосно почитување на законите за авторски права, но и на законските регулативи за откуп на телевизиски права за емитување програми на територијата на Македонија.

„Ние, како Влада, не сакаме да бидеме главен креатор на политиките во медиумите. Тоа треба да се случи на предлог на сите заинтересирани страни. Нашата цел и задача ја гледаме во тоа, да обезбедиме простор и дебата, за да може вие да се договорите кои се најдобрите реформи во медумите. МИОА ги има предвид сите препораки од Извештајот на Прибе, но и пакетот за итни демократски реформи, т.н. Блупринт. Владата ги прекина сите кампањи во комерцијалните медиуми, и сакаме јавно да кажеме дека сакаме да ги прекинеме сите финансиски текови од Буџетот кон комерцијалните медиуми, со цел да обезбедиме целосна комерцијализација на медиумскиот пазар во Македонија. Државата се што има да им соопшти на граѓаните, тоа ќе го прави преку Јавниот радиодифузен сервис, МРТВ“, потенцираше министерот Манчевски.

Министерот без ресор, задолжен за комуникација, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски се осврна на состојбата во медиумите, пред и по Пржинскиот процес.

„Медиумите во Македонија мора да бидат ослободени од каков било притисок и влијание, политички, финансиски… Мора да има целосна департизација и професионализација на регулаторот, на јавниот радиодифузен сервис, но и на медиумската индустрија. Кога има слободни медиуми, тогаш има и слободни граѓани, коишто врз основа на квалитетни информации можат да го донесат својот суд, за тоа како една власт владее, и на крај на краиштата, на избори да ја донесат проценката кому ќе ја дадат поддршката“, рече министерот Поповски, посочувајќи на предлог текстот на законот, што е дел од Договорот во Пржино, поддржан од СДСМ, ДУИ и ДПА.

„Сега е време да се создаде медиумски простор, време кога медиумите, треба да работат, така како што треба. Во првиот приоритет кон овој план  3-6-9 за реформи и приближување на Македонија кон ЕУ, нашиот фокус е Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги. Всушност, во него се дефинирани начинот на избор и функционирање на Агенцијата за медиуми и на јавниот сервис МРТВ. Имаше многу полемики и дискусии дека постоечкиот Закон е добар. Но, и Пржинскиот процес започна со широка дебата, значи сепак, во Македонија заклучокот е дека е потребна законска регулатива што ќе одговара на амбиентот и на состојбата во која што се наоѓаат медиумите. Се промени власта, но тоа не значи дека се променија навиките или желбата со која властите се однесуваат кон медиумите. Затоа е потребно, регулаторното тело да го сочинуваат експерти, да нема луѓе коишто се поврзани со политички партии или се високи претставници на органите и телата на партиите, да има луѓе што ја познаваат професијата, долги години работеле во неа, ја познаваат медиумската индустрија и коишто навистина ќе се постават во улога на правилен и чесен регулатор“, заклучи Поповски.

Дебатата предизвика голем интерес во еснафот. Новарските здруженија, сопствениците на портали, медиумските работници, менаџерите на неколку комерцијални медиуми, настапија со свои видувања и забелешки, но главно поздравувајќи го овој чекор на власта, преку отворена дебата да се дојде до најповолното законско решение за реформи во медиумската сфера.

М. Талеска

Tags: Дамјан Манчевскијавен радиодифузерМедиумиминистер без ресорМИОАМРТВновинарипржински процесреформиРоберт Поповски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ