• Latest

И со демократијата (дискриминацијата) се претера!

July 14, 2017
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

И со демократијата (дискриминацијата) се претера!

July 14, 2017 16:32
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Модерните времиња носат и модерни сфаќања. Ако не се согласуваш со нешто што е „ин“ и „кул“, што е прифатливо и увезено од западните култури, тогаш те ставаат за отстрел и те „протеруваат“ на некоја друга планета!

Пишува: Дехран Муратов

Пред некој ден, на социјалните мрежи се прошири информација дека коњот Аурора е повреден и му треба помош. Се организираа хумани граѓанки и граѓани да му помогнат, без разлика на нивната етничка, верска, родова, сексуална припадност…

Меѓутоа, омразата и дискриминацијата кон одредена група граѓани исплива на површина по Фејсбук статусот на актерката Ирена Ристиќ, која пишува: „Циганите (поради некоја политичка, или не знам каква, коректност нарекувани Роми, као со тоа нивните злодела да добиваат на легитимитет или нивниот живот на квалитет) ја претоварувале, константно ја тормозеле Аурора и во даден момент нејзината нога пука, не може да додржи… паѓа! Циганите собираат сè што до претходно било на нејзиниот грб и ја оставаат така, падната и во бесознание… Од тука па натака, следевте низ нашите објави… Коњот не е куче, нема да може да преживее со три нозе…“

Дали актерката Ристиќ, се запраша како преживуваат тие Цигани (како што ги нарекува), откако сега останаа без коњот, со кого го заработуваа лебот, бидејќи државата им ја укина социјалната помош оти собираа(т) пластични шишиња, картони или железо! Дали се запраша колку „циганчиња“ плачат по тој коњ, затоа што растеа со него? Во овој случај, најголеми губитници се токму „Циганите“!

Таа додава дека никој ништо не направил за подобрување на животот, образованието, културата… на Ромите. Истакнува дека не се работи за сите, туку за одредена група на Цигани, во смисла „ти си од добрите – не се однесува ова на тебе, ти си Ром“! Но, коментарите под нејзиниот статус се уште позагрижувачки!

„Дај баталете тоа Ромите, како е коњот“, „Џупци“, „И кучиња борат“, и, и…

Меѓу коментарите има и мал број на граѓан(к)и што го осудуваат дискриминаторскиот говор и повикуваат да се изнајде решение како да им се помогне на тие граѓани да се вклучат во општеството.

Колку е лесно да „исплукаш“ некого само затоа што е различен и не размислува како тебе. Пред извесен период, пратеникот Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил напиша дека е против истополови бракови и дека не ја подржува ЛГБТИ заедницата. Активист(к)ите за човекови права и слободи го направија партали, бидејќи бил хомофоб и дека со неговиот статус повикувал на насилство врз ЛГБТИ-лицата. Но, за разлика од ставот на Зеќири, активист(к)ите во статусот на Ристиќ, не препознаа говор на омраза и потикнување на насилство кон ромската етничка заедница! Поголемиот дел и ставија „лајкчиња“ или срценце. Борците имаат двојни аршини, дискриминацијата ја препознаваат само тогаш кога не се совпаѓа со нивните идеологии и гледишта.

По статусот на Зекири, не видов дека некој гласно го осуди говорот на омраза кон муслиманите, нарекувајќи ги „були“, „нинџи“, „терористи“, „ИСИЛ“…

Во контекст на омалуважувањата и дискриминацијата што се случуваат во последниот период во државата кон „другите и различните“, ќе парафразирам еден цитат од филмот „Парада“.

Чекајте бе другари! Не се работи повеќе за стрејт или геј (или Роми), ова се две Македонии, само што оваа Македонија секој ден ве тера да бидете тоа што не сте. Таа ве тера да имате 6 различни улоги, една за родителите, за пријателите, за улицата, за работа, ве тера да бидете тоа што не сте! Ви ја црпи силата. Знам дека денес ќе добиеме „ќотек“ како никогаш досега, но дури и тој „ќотек“ е подобар од ова понижување кое го трпиме цел живот!

Ќе живееме ли веќе конечно во една Македонија, со една улога…?!

Tags: Аурораговор на омразаДехран Муратовдискриминација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ