• Latest

Заев во Подгорица: Очекуваме Македонија да стане 30-та членка на НАТО!

August 2, 2017

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Заев во Подгорица: Очекуваме Македонија да стане 30-та членка на НАТО!

August 2, 2017 23:01
in Uncategorized, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија ја интензивира соработката со земјите од регионот и очекува да стане 30-та членка на НАТО, изјави македонскиот премиер Зоран Заев, денеска во Подгорица, Црна Гора, каде што учествува на Самитот на земјите од Јадранската повелба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Заев во обраќањето на Самитот нагласи дека членството на Црна Гора во НАТО претставува охрабрување, бидејќи покажува оти сите можат да се издигнат и да придонест за колективните потреби, но и за потребите и интересите на своите граѓани.

„Очекуваме Македонија да стане 30-та членка на НАТО. Енергично работиме за соработка во регионот, се отвораме кон соседите. Вчера го потпишавме Договорот за добрососедство со Бугарија, а ја интензивираме соработката и со другите земји во регионот“, истакна Заев.

Овие чекори што ги презема новата Влада во Скопје, според него, треба да придонесат за развој на Македонија и на регионот. Македонскиот премиер изрази надеж дека тоа ќе го поттикне и забрза процесот на интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ. Заев најави дека Македонија во иднина поактивно ќе се вклучи во мисиите во НАТО и ќе го зголеми буџетот за одбраната.

Американскиот потпретседател ја потврди посветеноста на САД кон регионот, наспроти напорите на Русија за обновување на нејзиното историско влијание и врските со Западен Балкан.

„Верувам дека иднината на Западен Балкан е со Запад и се радувам што ќе работиме на јакнење на врските меѓу ЕУ, Балканот и САД. Пренесувам поздрави од американскиот претседател Доналд Трамп, како јасен знак на сојузништвото во рамките на НАТО. НАТО се состои од големи и мали држави, но САД немаат мали сојузници и ние го цениме нашето ново сојузништво во НАТО“, рече Пенс.

На Самитот на земјите од Јадранската повелба учествуваат и премиерите на Албанија – Еди Рама, на Хрватска – Андреј Пленковиќ, на Црна Гора – Душко Марковиќ и на Босна и Херцеговина – Денис Звиздиќ, како и на земјите-набљудувачи, Србија, претставена од премиерката Ана Брнабиќ, Косово – со претседателот Хашим Тачи и Словенија – со премиерот Миро Церар.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУЗаевЗападен БалканЈадранска повелбаНАТОПенсПодгорицаЦрна Гора
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ