• Latest

Коѕиас доаѓа во Скопје, Димитров го повика конзулот Палашевски на консултации!

August 23, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коѕиас доаѓа во Скопје, Димитров го повика конзулот Палашевски на консултации!

August 23, 2017 11:42
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со нетрпение го очекуваме грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас идниот четврток. Овие денови зближено ќе соработуваме во однос на агендата и во однос на мерките за градење заемна доверба“, изјави вчера македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

Посетата на Коѕиас во Скопје е возвратна, по посетата на Димитров на Атина во јуни. Според најавите, посетата на Коѕиас е предвидена за 30 и 31 август,  наспроти најавите во одделни српски и грчки медиуми дека посетата ќе биде откажана поради „последните провокации на македонски дипломат со мапа на Голема Македонија“. Една од целите на посетата на Коѕиас е зајакнувањето на довербата и на билатералните односи меѓу двете земји, преку зајакнување на Меморандумот за разбирање, што беше иницијатива на Коѕиас за време на неговата прва посета на Скопје во летото 2015 година. Претходно, во македонските медиуми излезе и став од неименувани извори од МНР дека посетата на Коѕиас се подготвува според сите протоколи.

Според агенцијата ИБНА, Коѕиас во Скопје ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, и со лидерите на политичките партии.

Како аргументи за наводното премислување на грчката дипломатија, ИБНА ги посочи реакциите на грчкото МНР дека само во последниот период, Македонија два пати наводно ја прекршила Привремената спогодба од 1995 година: носењето на натписот „Македонија“ на дресовите на македонската женска ракометна репрезентација под 17 години на мечот против Грција, и Илинденското чествување во Торонто, на кое македонскиот конзул Јовица Палашевски зборувал пред карта на „Голема Македонија“. На 16 август, Атина  ја обвини македонската Влада дека ја прекршила Привремената спогодба, затоа што генералниот конзул Палашевски, зборувал на настан на кој во заднина имало „иредентистички симболи и мапи“

Според министерот Димитров, иако настанот во Торонто на 2 Август, не бил во организација на Генералниот конзулат, „фоторафирањето со мапа која навлегува во територијата на Република Грција, не е политика на МНР и не е политика на Владата на Република Македонија“.

„Јас како министер за надворешни работи нема да дозволам излети коишто се против Уставот на Република Македонија. Уставот вели дека меѓународните договори што ќе ги склучиме се дел од домашниот правен поредок и тие ќе се почитуваат. Република Македонија има интерес да ја почитува Привремената спогодба со Република Грција од 1995 година… Денес го повикуваме генералниот конзул на консултации. Јас ќе формирам комисија која ќе ја утврди одговорноста…. Ова нам не ни оди во прилог, ова не е наша политика! Ние сакаме да влеземе во НАТО, тоа значи дека утре Грција треба да ни биде сојузник и ние, Република Македонија, на Грција треба да и бидеме сојузник. Затоа сакам многу јасно да направам линија дека во иднина вакви излети уште поригорозно ќе ги третираме и нема да ги толерираме. Судбината на оваа држава и интересот на нејзините граѓани се преважни за некој да направи ваква грешка!“, изјави Димитров.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрцијаДимитровКанадаКоѕиасМакедонијаПалашевскиПривремена спогодба
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result