Во тек е референдумскиот молк во Босилово. Според законот за референдуми, референдумскиот молк трае 48 часа, за разлика од предизборниот молк. ЦИВИЛ е во комуникација со засегнатите страни во референдумот, а во последните неколку дена и во текот на денешниот ден пристигнати се повеќе информации и извештаи од постојаната соработничка екипа на теренот, а кои се однеуваат на спроведувањето на референдумот. Набљудувачи на референдумот ќе бидат распоредени утре.
Како што ЦИВИЛ соопшти вчера, два мобилни тимови на ЦИВИЛ – Центар за слобода и тим на ЦИВИЛ Медиа ќе бидат на терен, во недела, со цел да го набљудуваат спроведувањето на референдумот во Општина Босилово и да ја известуваат јавноста во текот на целиот ден.
Да се потсетиме… На референдумското гласачко ливче ќе бидат поставени две прашања, едното дали граѓаните се „за“ или „против“ отворање на рудникот за бакар и злато – Иловица, и другото, дали се „за“ или „против“ отворање и ископ на метали или металична руда. Во Босилово има 19 избирачки места.