• Latest

Прибе: И по две години, никој не е осуден по обвинение на СЈО!

September 15, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прибе: И по две години, никој не е осуден по обвинение на СЈО!

September 15, 2017 15:46
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Eвропската унија го објави вториот извештај на експертската група на Рајнхард Прибе, која што во јули беше во посета на Македонија, во однос на владеењето на правото. Според извештајот, од суштинско значење е СЈО да продолжи со кривичното гонење на одговорните за нелегалното прислушување, зашто без осуди се создава перцепција за неказнивост во јавноста!

„Утврдувањето на кривичната одговорност за нелегалното прислушување е од суштинско значење и мора да продолжи да се спроведува. И покрај критиките, опструкцијата и некооперативниот став на широк опсег на клучни институции, вклучувајќи го и обидот на претседателот да ги помилува сите, дури и оние што потенцијално би биле под истрага, СЈО сепак покажува посветеност и компетентност. Сепак, ограничувањата и опструкциите на мандатот на СЈО го покренуваат прашањето за континуитет што е од суштинско значење за обезбедување на кривична одговорност. Постојат различни опции за да се обезбеди овој континуитет. Силна правна основа, за ова е неопходна“, стои во новиот Извештај на експертската група на Прибе.

Според експертите од тимот на Прибе, судот не постапува ажурно по предметите, кои  што ги добива од СЈО, а од 20 поднесени обвиненија, потврдени се само три!

Според Прибе, иако поминаа две години, никој не е осуден по обвинение на СЈО, со што се создава перцепција за неказнивост. Од суштинско значење е да се обезбеди кривична одговорност на сите наводни сторители, без оглед на политичката припадност, а кратките рокови за поднесување обвинение според Законот за СЈО, им ја оневозможува работата на обвинителите.

„Одредбата од член 22 од Законот за СЈО, дозволува многу кратко време за истраги од 18 месеци. Ова е сериозна пречка за континуитетот и правдата“, вели Прибе. Затоа се бара овој спорен член да се усогласи со одредбите на Законот за кривичната постапка, а Прибе препорачува СЈО да се припои кон Републичкото јавно обвинителство, како специјализирано одделение.

Владата со соопштение ја поздрави работата на експертската група на Прибе за системски прашања од областа на владеењето на правото. На денешниот втор Извештај, Владата гледа како на продолжение на Извештајот на Прибе од 2015 година.

„Владата целосно се согласува со констатацијата дека во периодот 2015-2017 година, многу малку работи се подобрени во областите од Извештајот. Токму во првите 100 дена од работењето, новата Влада успеа да ги согледа овие проблеми и, загрижена за досегашното загубено време и шанси, изработи реформски ‘План 3-6-9’, кој веќе опфаќа дел од проблемите утврдени во новиот Извештај на експертската група на Прибе, и отвара пат за нивно решавање. Истакнуваме дека Извештајот на Прибе објавен денеска, ќе го искористиме како насока за надградување и подобрување на ‘Планот 3-6-9’, како и за определување на приоритетните мерки за наредниот период. Плановите на Владата ќе се прават врз основа на соодветни анализи и во отворен и инклузивен процес со Собранието, опозицијата и граѓанското општество“, соопштуваат од Владата.

Tags: владаЕвропска КомисијаЗакон за СЈОобвинетиправдаПрибеприслушувањеРепубличко јавно обвинителствоСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ