• Latest

#AкoНемаПравда #ЌеНемаНиМир

September 16, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

#AкoНемаПравда #ЌеНемаНиМир

September 16, 2017 16:50
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Недозволиво е сведокот кој треба да посведочи дека “Диво Насеље“ беше купена војна од началникот, диктаторот и „дрпмне“-монструмска – да умре “случајно“! И не е прв! Крпач беше застрелан среде Скопје! Го застрела Началникот!

Пишува: Југослав Петровски

Извршителите на најголемото недозволено прислушување на политички неистомисленици, новинари, амбасадори, сами меѓу себе, активисти, судии… обични граѓани… избегаа неколку часа пред да се донесе одлука за нивен притвор!?!

Ниту еден од “фантомџиите“ (Уште помалку, некој од – нивните шефови, организатори, гласноговорници и “водоносци“…) кои извршија класичен, професионално организиран, терористички напад на 27 април, не е ни приведен, а да не зборуваме за притворен, осуден, затворен! (Треба ли да ве потсетам со кои сè репресии се соочивме ние, граѓаните, кои со “боите земени од ѕуница“ се боревме против “еднобојноста“ на тогашната диктатура!?)

Но, наспроти сето тоа, мошне е „битно“, што ресорниот министер – баци (апашка) рака на една од поотровните глави на многуглавата “ламја“, една од побитните глави на злосторничкото здружение Д.О.О. „ДРПНЕ“, е рака која вози глисер од 300.000 евра, џип од 500.000, а има и свои сопствени хотели, хациенди, имоти… и кој знае што друго…

А згора на тоа – МПЦ е “жирант“ т.е. наследник на имотот на најбогатата политичка партија во Европа – „ДРПНЕ“ (Белизе -Швајцарија – Чешка) – што практично значи: Ако ним, како на партија, нешто им се случи, сè што украле поминува во сопственост на МПЦ.

Ајде тоа, но да поминеме на пострашното. Веројатно како благодарност за “баци рака“ – МПЦ започна со обиди на големо, отворено, на терен, да ја повампирува диктатурата, заборавајќи дека сме секуларна држава(!), и на ангро организираат протести и референдуми, па така директно да се меша во работата на Собранието, Владата, заземајќи, моментално, главно место при активностите т.е. директната пропаганда за локалните избори. И од ден на ден, станува сè појасно, дека тие и нивните ступидни небулози, како – “масовно населување на мигранти“ и “задолжително учење албански за секој Македонец“ – ќе се главниот адут на „ДРПНЕ“.

Сесрдно, ослонувајќи се на МПЦ, тие ќе се обидат да го исплашат, збунат и да нагазат силно на ксенофобичноста кај народецов наш… Ксенофобичност која, кај нашиот добродушен човек, најчесто е резултат на – незнаење, неинформираност и отворено лажење без скрупули од лица од кои не го очекуваат тоа, како на пример, попови, свештеници, архијереи…  Тоа ќе биде очајниот обид на злосторничкото здружение („ДРПНЕ“) да се спасат од катастрофален крај!

Но да се вратиме на најважното!

Реагирав вчера, еве повторно опоменувам и денес!

Ниметула Абдула, врската меѓу Началникот и купените (по цена од 2 милиони евра) “терористи“ од Косово, кој продолжи со работа во УБК-Куманово – не почина, туку е убиен!

Не ми треба судска медицина и полициско вештачење за да го знам тоа, доволен ми е здрав разум, малку разум и да знам дека: 2 + 2 = 4!

Станува повеќе од очигледно – дека секој што може да сведочи за злоделата на криминалното здружение „ДРПНЕ“, тие – или ќе му обезбедуваат бегство или ќе го убијат!!!

ЛУЃЕ!!!

Ние не си имаме работа со политички опонент, не си имаме работа со политичка партија – туку – со мафија!

Затоа – ИТНО! Експресни смени, “метла“, во судството! Целосна реорганизација и кадровски промени во судовите – од Суд за прекршоци до Врховен суд! Изработка и итно изгласување на Нов закон за заштита на сведоци! Закон за “свиркачи“! Можност за обезбедување 24 часа заштита на сведоците за случите на СЈО и слични случаи од висок ризик… Обезбедување на „Safe House“ за таков тип на сведоци и низа други, слични мерки кои ќе овозможат да дојдеме до толку посакуваната и бараната ПРАВДА!

(Ова се мои идеи и предлози – како идеи на “правен лаик“, и сигурен сум дека експертите од областа можат да предложат уште многу поконструктивни мерки, а сите ние да инсистираме, нашето Собрание да ги усвои по итна постапка предложените промени и подобрувања.)

Бидејќи навистина е итно! Мора работата да се истурка до крај! Оти сè започна со тоа што илјадници и илјадници граѓани побараа ПРАВДА!

Затоа и мораме, по секоја цена, и тоа што е можно побрзо, да дојдеме до толку посакувана и барана ПРАВДА!

Оти основно е – #AкoНемаПравда #ЌеНемаНиМир!

Tags: МПЦправдаСЈОсудствоубиства
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ