• Latest

Демократијата има долг пат пред себе, трнлив и нерамен

November 1, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Демократијата има долг пат пред себе, трнлив и нерамен

November 1, 2017 12:14
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Многу политичари, политички партии и институции треба да ги објаснат пред јавноста своите постапки во изминатите неколку месеци. Голем број постапки се само „more of the same“ (уште од истото) овие денови. Локалните избори покажаа дека македонската демократија има долг пат пред себе, трнлив и нерамен.

пишува: Џабир Дерала

Видовме дека „животот за сите“ победи со ураганска силина и, ако ги следиме коментарите на оние што се поистоветуваат со политичките победници, ги „згазија, здробија, згмечија“ ДПМНЕ и компанија. Но, изгледа дека во животот за сите и нема место баш за сите. Или, можеби е поточно да се каже дека за некои има повеќе место, а за некои помалку. За тоа има што да се напише и во наредните денови, но сега мора да расчистиме до крај со тоа како се спроведоа изборите.

Изборната администрација, со огромните ресурси со кои располагаше, пари, експертизи, огромна екипа, законски ингеренции и време – ги спроведе изборите трапаво (ако сакаме да бидеме благи во оценката).

Повторно имаше луѓе на кои им се ускрати правото на глас. Да, имаше некои можности, да се упатат гласачите до ОИК, па до ДИК, а на крајот, сепак, остануваше опцијата и да не им се дозволи правото на глас. Не по нивна вина, туку по вина на системот! Тоа е кршење на уставните права на граѓанките и граѓаните.

Без оглед на тоа колку ова звучи излитено, затоа што е безброј пати повторувано, а никако не е сфатено сериозно, уставните права на секој, буквално на секој човек на тлото на оваа земја, мора да се почитуваат. Макар и еден човек чии права се повредени, говори за неуспех на државата и тие што ја водат. А не е само еден човек и не е само една повреда.

Функцијата член на избирачки одбор е свечена и одговорна. Што видовме ние на деновите на гласањето? Добар дел беа добронамерни и професионални, но многумина беа и невешти, бидејќи никој не се обидел вистински добро да им објасни кои им се задачите. Ги тренирале по половина час, со видео што можат да го гледаат и на својот телефон, од дома. Меѓу нив видовме и партиски војничиња кои водат евиденција во корист на својата партија. Некои им сугерираа на гласачите за кого да гласаат. Некои, пак, се нафрлија на моите другарки и другари набљудувачи, се обидуваа да ги исфрлат, измислуваа документи спротивно на процедурите, беа зајадливи…

Во Државната изборна комисија можете да најдете сѐ и сешто, но посветеноста и одговорноста се дефицитарни. А не сум сигурен дали има и законитост во сѐ што се прави. Како се потрошија парите и како се исполнија работните задачи за кои Комесарите имаат прилично високи плати, хонорари и бонуси? Тоа не е достапно на нивната веб страница, но законот овозможува да се побараат тие податоци. Тоа и го сторивме. Побаравме преглед на трошоците направени во 2016 и 2017 година за комуникации (тоа вклучува и прашање дали се набавувале телефони, на пример), за патувања, бонуси…

Политичките сплетки и судири, а и нарушените меѓучовечки односи во ДИК (за кои слушам подолго време), не можат да овозможат нормално функционирање на оваа институција. Потрошија премногу пари и време. Уште полошо, не само што не ја зајакнаа довербата на гласачите, туку и тоа малку очекувања што ги имавме ги изневерија и довербата ја дотолчија. Ќе излезе некој да објасни? Да понесе одговорност?

Изгледа дека граѓанките и граѓаните на оваа земја имаа повисока култура и повеќе чувство за граѓанска должност и политички морал од институциите и партиите. Ним им ја должиме оценката дека, покрај сите сериозни и заслужени критики за изборниот процес, се одржаа слободни избори, за прв пат по долго време. ОК, живот (речиси за сите), избори (речиси) слободни… Како и да е, капата долу пред вас, сограѓанки и сограѓани! Имаме уште пат за одење до животот…

 


објавено во Плусинфо и Слободен печат (2/11/2017)

Tags: ВМРО-ДПМНЕДИКЖивот за ситеЗоран ЗаевИзбирачки одборизборна администрацијајавни набавкикомуникациилокални избориНикола ГруевскиодговорностОИКправо на гласСДСМтранспарентностчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ