• Latest

#ТретаСмена!

December 1, 2017
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

#ТретаСмена!

December 1, 2017 14:23
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Бурна недела, измешана со многу чувства, емоции, гнев, радост, тага… По посетата и заминувањето на Јоханес Хан, македонските институции почнаа да ги спроведуваат препораките за доближување на Македонија кон ЕУ и НАТО. Законот за јазиците е ставен на мирување, како што тогаш информираа владините претставници поради „побитни приоритети“.

Пишува: Дехран Муратов

Веројатно под „побитни приоритети“ мислеле на спроведување на акцијата за приведување на триесетина учесници кои учествуваа во крвавиот четврток, 27 април. Меѓу приведените се и екс-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, Богдан Илиевски – Бетмен, Борис Дамовски, оперскиот пејач Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски… На шесттемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои ја отворија вратата на Собранието им е одземен пратеничкиот имунитет…

За прв пат, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски застана во првиот ред од спротивната страна на кордонот со полицајци! На протестите пред Основен суд и Министерството за правда деновиве може да забележиме дека се собираат одвај стотина демонстранти. Тажно.

Појавувањето на протестот пред Кривичен суд, на некогаш надежниот боксер Груевски, ме потсети на сцената на украинскиот опозициски лидер, и шампион во бокс, Кличко кога се судри со полицијата за да ги заштити правата на своите следбеници. За среќа Груевски и неговите приврзаници се фини граѓан(к)и и ја почитуваат униформата… Проблемот е што не ги почитуваат новинарите, на видео снимка видовме како некој фраер „ќе му го напикал микрофонот во уста на новинарот, бидејќи си ја извршувал задачата“… Им остана навика на таа багра од 27 април да тепаат новинари и пратеници!

Граѓаните се поделени, додека некои сметаат дека конечно дојде правда, други сметаат дека се прави реваншизам. Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, (веројатно во недостаток на идеи) решија бледо да ги копираат методите на демонстрантите кои протестираа против груевистичкиот режим. Да не се смешни би биле тажни телефонските пораки што ги испраќаат до нивните приврзаници. Прво ги повикуваат на протест пред Министерство за правда, потоа им испраќаат друга порака дека е откажан протестот. Потоа стига друга порака дека во 18 часот ќе протестираат. Сигурно им остана во глава она „секој ден во шест“! Почнаа да блокираат крстосници, како што правеа активистите на Шарената револуција. Така што останува да видиме кога ќе почнат да ги фарбаат институциите со боја?!

Разликата помеѓу демонстрантите е во тоа што едните протестираа против груевизмот, режимот, крадењето, диктатурата, за слобода…, додека пак сегашните демонстранти протестираат за одбрана на режимските нарачатели и извршители. Има разлика!

Порано граѓаните едвај чекаа да гукне нешто претседателот Ѓорѓе Иванов, но по аболицијата на 56 функционери и нивни соработници, граѓан(к)ите се крстат и се молат да не каже ништо. Меѓутоа, не би бил татко на нацијата ако во оваа ситуација не повика на разум и дијалог. Меѓутоа граѓаните се прашуваат зошто секоја вечер во претседателскиот кабинет, во тајност преговараат Заев, Груевски, Ахмети, Џафери… Никој не сака да даде подетални информации за што се договараат.

Во јавноста, а најмногу помеѓу Твитер заедницата, ноќните разговори се наречени #ТретаСмена. А на граѓан(к)ите во ноќните часови некако почна да им фали емисии од типот на „Омилена поза со Хелена Роза“… Во овие ладни зимски ноќи на граѓаните им остана само можноста да се топлат со таинствените „Жешки разговори во Водно“…

Tags: АпсењедемонстрантиЗоран ЗаевНикола ГруевскиПреговориПротести
Share30TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ